Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кремљ: Имавме телефонски разговори со администрацијата на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
kremlj-moskva

Советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, телефонски разговарал со претставници на американската администрација откако Москва ги добила нивните предлози за можен мировен договор за војната во Украина, соопшти денес Кремљ.

Ушаков остварил телефонски контакти со неколку членови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да наведе кога точно се одржале разговорите. Претставникот на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, ги донел копиите од американските предлози во Москва по средбата во Мајами за време на викендот, а Кремљ во моментов ги анализира деталите, додаде Песков.

— реклама —

„Информациите се анализираат и во име на претседателот Путин беше остварен контакт меѓу претставници на администрациите на Русија и САД“, изјави Песков. „Договорено е продолжување на дијалогот“, додаде тој. На прашањето како Кремљ гледа на документите, Песков одговори дека не сака да коментира, бидејќи Русија смета дека тоа би можело да ги поткопа разговорите.

Трамп задутре ќе се сретне со Зеленски?

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп задутре во својата резиденција Мар-а-Лаго ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави новинарот Барак Равид од порталот „Аксиос“ на платформата Икс, повикувајќи се на украински претставник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања