Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Разбојништво го стресе Куманово, три лица од Скопје се уапсени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од скопско Студеничани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, двајца браќа на возраст од 25 и 18 години и нивен 28-годишен роднина, го сториле делото на 23 февруари во Куманово, кога со употреба на сила одзеле поголема сума пари од едно лице од Ваксинце. Тие го чекале оштетениот пред маркет во автомобил без регистарски ознаки.

— реклама —

Кога оштетениот дошол до неговото возило паркирано во близина, тројцата осомничени го нападнале и го удриле по главата, нанесувајќи му повреда од која изгубил свест.

Од багажникот на автомобилот тие одзеле две црни торби со пари во различни валути и апоени и тоа: 45.000 евра, 13.000 швајцарски франци, 150.000,00 денари, 60.000,00 српски динари, 40.000.00 албански леки, 100 бугарски лева, 800 хрватски куни и 300 турски лири, по што веднаш побегнале кон Скопје.

— реклама —

На овој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 3.745.000 денари.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 14 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 15 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 16 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања