Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ристески: Општина Аеродром незаконски ги скрати за 50% надоместоците за избирачките одбори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Скопје
media-libraryp364elttt356fnwRykB

Советот на Општина Аеродром одлучи да ги намали за 50% надоместоците на 930 членови на избирачките одбори, иако висината е утврдена со Правилник на ДИК и Изборниот законик. СДСМ оценува дека Советот нема право да ги менува износите и ја нарекува одлуката „кражба“ на половина од заработеното. Советниците од СДСМ бараат општината целосно да ги исплати надоместоците, па потоа да ги побара средствата од Град Скопје. Нивниот предлог бил одбиен од градоначалникот Дејан Митески и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека Скопје не ги уплатило преостанатите 50%.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Спротивно на Изборниот законик и Правилникот на Државната изборна комисија, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница одлучи да ги намали за 50% надоместоците на членовите на избирачките одбори.

Со оваа одлука 930 членови на избирачки одбори ќе добијат за 50% помали надоместоци од тоа што ги следува согласно Изборниот законик.

— реклама —

„Висината на овие надоместоци е експлицитно утврдена во Правилник на ДИК и се движи од минимум 12.000 денари за член и заменик на избирачки одбори кои имаат до 300 гласачи, се до 22.000 дена за претседателот на избирачките одбори кои имаат над 901 гласач. Советот на Општина Аеродром нема право произволно да го менува овој износ“ – изјави координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Аеродром, Милутин Ристески.

„Друго прашање е дали и со колкав удел треба да учествува Град Скопје во сумата. Тоа е проблем што треба да си го решат Дејан Митески и Орце Ѓорѓиевски, но не на штета на овие луѓе кои ја имаа најодговорната задача на изборниот ден. Оттука оваа одлука е една најобична кражба буквално на половина од чесно заработените пари на овие 930 луѓе“ – нагласи Ристески.

„Во Изборниот законик јасно е наведено дека избирачките одбори ги формира Општинската изборна комисија и тоа е она што градоначалникот одбива да го види, а средствата за овие луѓе во целост треба да ги исплати Општина Аеродром“ – додаде членот на Советот на Општина Аеродром, Марко Данилоски.

— реклама —

„Предлагам Општина Аеродром да ги исплати сега средствата во целост и потоа таа да ги чека средствата од Град Скопје, ако некогаш воопшто Градот ги префрли овие средства. А не членовите на избирачките одбори да чекаат, тие доволно чекаа и до сега. Не е во ред чесно заработените пари да им им се исплатат преполовени или на рати“ – предложи членот на Советот на Општина Аеродром, Марјан Јовановски.

Предлогот на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Аеродром да се донесе одлука со која ќе се овозможи исплата на целиот износ на надоместоците за избирачките одбори беше одбиен од страна на градоначалникот Дејан Митески и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека Град Скопје на сметката на општината се уште ги нема уплатено останатите 50% од потребните средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања