Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Рубио: Мадуро не е легитимен претседател, тоа го вели целиот демократски свет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Николас Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела и дека тоа не е став само на актуелната американска администрација, туку континуирана позиција на Соединетите Американски Држави со години наназад.

— реклама —

Рубио нагласи дека и администрацијата на Доналд Трамп во неговиот прв мандат, како и администрацијата на Џо Бајден, официјално го сметале Мадуро за нелегитимен лидер. Дополнително, посочи дека Мадуро не е признаен ниту од Европска Унија, како и од голем број држави ширум светот.

— реклама —

Во своето обраќање, Рубио го опиша Мадуро како „бегалец од американската правда“, потсетувајќи дека против него со години била распишана награда од 50 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење.

— реклама —

„Изгледа си заштедивме 50 милиони долари“, рече Рубио, на што Трамп се надоврза со коментар дека треба да се внимава никој да не се обиде да ја побара наградата.

Државниот секретар додаде дека Мадуро имал „повеќе можности“ да избегне ваков исход, но наместо тоа, како што рече, се однесувал неодговорно и конфронтациски. Според Рубио, венецуелскиот лидер одлучил да ја вклучи Иран во внатрешните работи на својата земја и да дозволи, како што тврди Вашингтон, прилив на криминални групи и банди кон територијата на САД.

„Мадуро мислеше дека ништо нема да се случи“, изјави Рубио, додавајќи дека Доналд Трамп „не е човек кој игра игри“. Кога Трамп вели дека ќе реши одреден проблем, според него, тоа не останува само на зборови, туку се претвора во конкретна акција.

Изјавата на Рубио доаѓа во момент на сериозни геополитички тензии и по воената операција на САД во Венецуела, по која беше приведен Мадуро, настан што веќе предизвика остри реакции и поделени ставови во меѓународната заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 15 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 17 часа

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања