Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Русија и Кина блокираа резолуција на Обединетите нации за Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarymelni2bloki4cBVvQff
screenshot google maps

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Ормускиот теснец, со што документот не беше усвоен и покрај поддршката од мнозинството членки.

За резолуцијата гласаа 11 земји, две беа против, а две воздржани. Првичниот предлог, поднесен од Бахреин, предвидуваше овластување за користење „сите неопходни средства“ за да се обезбеди транзит низ Ормускиот теснец и да се спречат обиди за негово затворање. Станува збор за формулација на Обединетите нации која вклучува и можност за воена акција.

— реклама —

Откако Русија, Кина и Франција, како постојани членки со право на вето, се спротивставија на употребата на сила, текстот беше изменет и од него беа отстранети сите референци за офанзивно дејствување. Во новата верзија се дозволуваше користење само на „сите неопходни одбранбени средства“.

Сепак, Русија и Кина и на изменетиот предлог ставија вето.

— реклама —

Пред гласањето, министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф бин Рашид Ал Зајани, изјави дека резолуцијата не „создава нова реалност“, туку има цел да даде „сериозен одговор на повтореното непријателско однесување на Иран, однесување кое мора да запре“.

„Да бидеме јасни, ако денес не делуваме, тоа ќе има тешки последици за целиот свет и човештвото“, додаде тој.

По неуспехот на резолуцијата, Зајани изјави дека Советот не успеал да ја преземе својата одговорност во соочување со, како што рече, незаконското однесување кое бара итна и решителна акција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања