Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Русија ќе ѝ помогне на Кина да ја престигне Америка во нуклеарна енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Русија ќе и помогне на Кина да ја престигне Америка и да стане најголем светски производител на нуклеарна енергија, изјави за руската државна телевизија Алексeј Лихачов, директор на државната нуклеарна корпорација „Росатом“.

— реклама —

Соединетите Американски Држави моментално управуваат со најголемата мрежа на нуклеарни реактори во светот, со речиси 97 гигавати (GW) инсталиран капацитет. Кина, пак, интензивно инвестира во изградба на нови реактори и според податоците на Американската управа за енергетски информации, во април 2024 година имала оперативен капацитет од 53,2 GW.

— реклама —

„Кина има амбициозни планови за развој на атомската енергија. Целта е да се стигнат и надминат САД по инсталиран капацитет, што значи да се достигне повеќе од 100 гигавати,“ изјави Лихачов.

— реклама —

На прашањето дали Русија ќе и помогне на Кина во реализацијата на оваа цел, тој одговори: „Се разбира. Ќе помогнеме. Веќе помагаме.“

Русија досега помогнала во изградбата на четири нуклеарни реактори во Кина и моментално работи на изградба на уште четири. Според Лихачов, амбициозните планови на Пекинг бараат големи количини ураниум и нуклеарно гориво, па затоа Кина ќе треба да развие нова генерација реактори со затворен нуклеарен горивен циклус, базирани на руската технологија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 8 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 10 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 13 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања