Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Руте: На Путин му недостигаат пари, војници и идеи – време е за засилен притисок врз Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
rute-zelenski

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин останува без ресурси за продолжување на војната против Украина и дека е време меѓународната заедница да изврши уште поголем притисок врз Москва за да се постигне „праведен мир“.

— реклама —

Изјавата Руте ја даде на прес-конференција во Лондон, по состанокот на „Коалицијата на подготвените“, на која учествуваа неколку западни лидери и министри за одбрана.

— реклама —

„Путин во Украина освои многу малку нова територија, а таму каде што има мали придобивки, тие се постигнати со огромна цена. Стотици илјади Руси умираат за неговата безумна агресија, а Украина храбро се брани. Нашата поддршка ѝ помага. Вистината е дека Путину му недостигаат пари, војници и идеи“, изјави Руте.

— реклама —

Тој нагласи дека сега е клучен моментот за зголемување на воениот и економскиот притисок врз Русија, поздравувајќи ги најавите од европските сојузници и Канада за дополнителна воена помош за Украина, како и неодамна одобрениот 19. пакет санкции.

„Развојот на ситуацијата на боиштето покажува дека нашата поддршка функционира и мора да продолжи. Поддршката мора да биде проследена со санкции и економски притисок врз Русија“, рече тој.

Руте изрази оптимизам во однос на западното единство, истакнувајќи дека разговорите во Вашингтон, Брисел и Лондон укажуваат на „движење во вистинска насока за завршување на војната“.

Да потсетиме, Руте и претходно се осврна на слабеењето на руската воена моќ – на 13 октомври тој иронично забележа дека руската морнарица речиси исчезнала од Медитеранот, што според него е уште еден знак за исцрпеноста на Москва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 17 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 19 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 22 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања