Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Руте: Путин би бил задоволен од европска војска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryflk78kl44c1g0BvleKZ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли повиците на дел од европските лидери за формирање посебна европска војска, оценувајќи дека таквата идеја би го ослабнала трансатлантскиот сојуз и би му одела во прилог на рускиот претседател Владимир Путин. Обраќајќи се во Европскиот парламент во Брисел, Руте порача дека заговорниците на европски сили одвоени од НАТО „можат да продолжат да сонуваат“, нагласувајќи дека безбедноста на Европа треба да се зајакнува во рамки на алијансата предводена од САД.

Руте истакна дека европските земји треба да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, како што бара американскиот претседател Доналд Трамп, но предупреди дека создавањето паралелни воени структури би довело до преклопувања, недостиг од кадар и дополнителна компликација на одбранбениот систем. Според него, токму таквото сценарио би било „воодушевување за Путин“.

— реклама —

Во изминатите недели, шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес и еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус јавно говореа за можноста од европска војска, но Руте, иако без директно именување, јасно ја отфрли таа идеја.

Тој оцени дека доколку Европа навистина сака целосна воена самостојност, трошоците би биле значително поголеми од пет проценти од бруто-домашниот производ, колку што земјите членки на НАТО се обврзаа да издвојуваат за одбрана. Руте предупреди дека тоа би значело и изградба на сопствени нуклеарни капацитети, со трошоци од милијарди евра, како и губење на американскиот нуклеарен чадор, кој го нарече краен гарант на слободата.

— реклама —

Покрај тоа, генералниот секретар на НАТО информираше дека со американскиот претседател договорил два „работни правци“ за намалување на тензиите меѓу Европа и Вашингтон, особено во контекст на Гренланд. Првиот се однесува на тоа НАТО колективно да преземе поголема одговорност за одбраната на Арктикот и да спречи зголемено влијание на Русија и Кина во регионот. Вториот правец, според Руте, ќе се одвива надвор од НАТО и ќе опфати продолжување на разговорите меѓу САД, Данска и Гренланд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mark-rute

НАТО: Ќе преземеме сè за одбрана на Турција

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

НАТО пресретна руски бомбардери над Балтикот

Свет | пред 1 ден

nato-mrezi

НАТО ќе стане „поевропски“: расте загриженоста за улогата на САД

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Напнатоста околу Иран ја турна НАТО во најголема криза

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања