Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

САД ќе ослободат 172 милиони барели нафта од стратешките резерви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library06n17o41rd039MbAVnX
unsplash

САД најавија ослободување на 172 милиони барели нафта од стратешките резерви за да го ублажат растот на цените поради судирот поврзан со Иран. Мерката е дел од координиран план на IEA за вкупно 400 милиони барели. Пуштањето почнува следната недела и ќе трае околу 120 дена, со цел стабилизација на глобалниот пазар. Се очекува и американските компании да го зголемат производството поради повисоките цени.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Соединетите Американски Држави најавија ослободување на 172 милиони барели нафта од своите стратешки резерви со цел да се обидат да го намалат растот на цените на нафтата поради судирот меѓу САД и Израел со Иран, изјави американскиот министер за енергетика Крис Рајт.

— реклама —

Рајт рече дека ова ослободување е дел од поширок план во кој вкупно ќе бидат пуштени 400 милиони барели нафта, договорен претходно истиот ден од Меѓународната агенција за енергија, која обединува 32 земји членки, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Според Рајт, пуштањето на резервите започнува следната недела и се очекува да трае околу 120 дена, со цел да се стабилизира глобалниот пазар на нафта.

— реклама —

Американскиот секретар за внатрешни работи Даг Бургум изјави денеска дека американските нафтени компании наскоро ќе соопштат дека го зголемуваат производството поради растот на цените на нафтата и другите енергенси за време на судирот со Иран.

„Мислам дека ќе видите дека сите ќе објават дека го зголемиле обемот на производството овде во Соединетите Американски Држави како одговор на движењето на цените и на потребите што ги имаме во моментот“, рече Бургум во интервју за CNBC, пренесува Ројтерс.

Вчера Меѓународната агенција за енергија (IEA) одлучи на пазарот да пушти рекордни 400 милиони барели нафта од резервите со цел да ги намали последиците од глобалните нарушувања во снабдувањето со енергенси поради војната на Блискиот Исток.

Според проценките на IEA, координираното пуштање на нафта од стратешките резерви би можело да помогне во стабилизација на глобалниот пазар и во намалување на притисокот врз цените на енергенсите додека не се воспостават постабилни транспортни и трговски текови нарушени од војната на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 17 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања