Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Сајбер заканите се дел од хибридна војна во нашиот регион, вели Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
MAJ4135

Денеска, (03.05.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на конференција на тема „Регионални безбедносни предизвици и настани во земјите од Западен Балкан“, чијашто организација е во склоп на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование. Конференцијата ја отвори претседателот на Републикa Северна Македонија, Стево Пендаровски, со поздравно обраќање во присуство на амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Србија, Кристофер Р. Хил, кој во своето обраќање зборуваше за актуелните политичко безбедносни трендови во регионот, при што ја истакна регионалната иницијатива Отворен Балкан.

— реклама —

„Важна е регионалната интеграција. Важни се граници кои не ги делат луѓето, туку обединуваат. Отворен Балкан создава добрососедство и го олеснува протокот на движење на границите. Поентата на иницијативата е да се создадат начини на соработка со соседите.”, истакна амбасадорот Хил, по што се осврна на дијалогот меѓу Србија и Косово, како и ситуацијата во Босна и Херцеговина, како најголеми регионални предизвици во моментов.

— реклама —

Присутните на конференцијата имаа можност да учествуваат во дискусијата која следеше, при што на министерот Спасовски му беше поставено прашање за тоа како МВР се справи со сајбер заканите. Заблагодарувајќи се за поканата за учество на конференцијата, министерот Спасовски истакна дека амбасадорот Хил прати многу важни пораки и сознанија до младите кои го посетуваат Центарот за политики.

— реклама —

„Што се однесува до безбедносната состојба, Северна Македонија има особено важна геостратешка позиција, тогаш и безбедносните проблеми се сериозни. Ние како МВР предупредувавме години наназад. Сега се случува тоа во нашата држава и регионот тоа што се случуваше три години пред инвазијата на Русија врз Украина. Сајбер заканите обзнанија дека институциите треба да се подготват. Имавме неколку месеци жестоки напади преку електронски закани токму во образованието, а засегнати беа сите во општеството, родителите, учениците, наставниците. Тоа беше сериозен предизвик, но со меѓуинституционален одговор, соработка и комуникација со безбедносните служби, АНБ, АР, како и нови упатства и протоколи за сериозно дејствување против заканите, истите практично престанаа. Ова само укажува на хибридна војна во целиот регион, со лажни вести и обиди за рушење на перспективите на Република Северна Македонија во ЕУ.”, рече министерот Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7mjcbhf4m7rb4vacvyy

Спасовски до Дурмиши: Зошто владата не презема мерки за бруталното поскапување на прехранбените производи?

Македонија | пред 4 дена

media-librarykmggvk1l26psak85UWu

Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Македонија | пред 1 месец

media-library3jnn542r1qes4fABE6C

Спасовски реагира оти министрите ги нема на седница: Не може да поставуваме пратенички прашања во ветер

Македонија | пред 1 месец

media-library88j2dg5annmi2InbN4d

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања