Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СПАСОВСКИ

media-library7mjcbhf4m7rb4vacvyy

Спасовски до Дурмиши: Зошто владата не презема мерки за бруталното поскапување на прехранбените производи?

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за економија, Бесар Дурмиши, кое се однесуваше на состојбата со цените, нивниот раст и економската криза која се чувствува кај граѓаните. Тој посочи дека цените на основните прехранбени производи, вклучувајќи деривати, значително пораснале и дека тоа директно влијае врз секојдневната потрошувачка и семејните буџети, предизвикувајќи сериозни последици врз економската состојба на населението.Во продолжение претставуваме интегрален текст од прашањето:Во однос на првото прашање сакам да поставам и да кажам неколку збора во однос на состојбата која е моментална со цените, со растот на цените и економската криза која генерално веќе тропа на секоја врата во македонското општество.Сите сме сведоци дека ова е глобална криза која настапува и таа глобална криза сигурно ќе предизвикува негативни ефекти врз македонската економија, а на тој начин ќе предизвикува негативни ефекти и врз македонските семејства, македонските граѓани.Факт е дека во Македонија цените на нафтените деривати поскапеа, затоа се преземаа мерки за коишто сметам дека не се навремени и тоа го покажаа резултатите. Меѓутоа, сето тоа ќе ефектуира и врз растот на цените во маркетите, односно директната дневна потрошувачка за потребите на живеењето на сите граѓани.Еве, на пример, за една недела ќе прочитам неколку цени коишто биле променети и морам да кажам дека така тивко се менуваат:• Зејтинот 74 денари бил, сега од 93 до 118• Кафето било 104 денари мината недела, сега е 120 до 140 денари• Меленото месо било околу 638, сега е 730 до 849• Пилешкото месо 376, сега е 401 до 493• Млекото 56, сега е 67 до 78• Јајцата 103, сега се до148Сега, во моментот, имаме едно навистина сериозно, брутално поскапување на цените на прехранбените продукти, основните прехранбени продукти, пред сè зеленчукот и овошјето. На пример, денес на пазар пиперките се околу 300 денари, а доматите се околу 200 денари и малку повеќе од 200 денари.Моето прашање е: Дали вие како Министерство за економија предвидувате соодветни мерки коишто ќе значат подобрување или ублажување на оваа кризна состојба во кој било тип? А зошто тоа го кажувам? Бидејќи сето ова има дополнителна тежина, бидејќи вие во ваше соопштение кажувате дека Министерството за економија и труд во 2025 година преку ограничувањето на маржи на 102 групи производи и цени на осум групи основни прехранбени производи ја стабилизира инфлацијата.Основувајќи се на ова, прашањето е дали сега моментално преземате мерки. Мислам дека е крајно време тоа да го правите час поскоро, бидејќи ние можеме да правиме статистики, просечни статистики итн., меѓутоа секој ден, секој човек кој оди во маркетите може да ги види цените коишто растат, иако за тоа не се преземаат навремени мерки мислам дека понатаму ќе биде се задоцнето.

Македонија | пред 4 дена

media-librarykmggvk1l26psak85UWu

Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница укажа дека доколку не се покачи минималната плата, Македонија ќе се соочи со недостиг на работна сила.„И сега дури и немаме доволно работници, од други причини. Ако не продолжи растот на платите, ќе имаме уште поголем проблем, затоа што никој повеќе не може и не сака да работи без пари“, рече Спасовски.На собраниската седница на која на дневен ред е предлог-законот на СДСМ и коалицијата за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да се зголеми на 600 евра, Спасовски нагласи дека покачувањето на минималната плата на 600 евра е прашање на консензус бидејќи се работи за интересите на граѓаните.„Ако за Изборниот законик, кој директно ги тангира политичките партии и нивните интереси, можеме да постигнеме консензус, тогаш кои сме ние да не постигнеме консензус кога станува збор за граѓаните? Дали сме поважни ние како политички субјекти или се поважни граѓаните и нивниот животен стандард? Прво треба да седнеме и да постигнуваме договор за прашањата што ги засегаат луѓето, за нивните плати, за нивната егзистенција, за нивната сигурност. А не консензус да правиме само таму каде што се во прашање партиските интереси“, рече Спасовски.Во образложението, Спасовски посочи дека кога се зборува за минимална плата и за создавање систем, треба да се има кредибилитет во однос на тоа што се предлага. Тој потсети дека благодарение на јасно воспоставениот систем во периодот на владата на СДСМ, минималната плата растеше.„Во 2012 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, минималната плата беше 8.050 денари. Кога се презеде власта, во 2017-та беше 10.080 денари, а во 2017 година расте на 12.000 денари, па понатаму континуирано расте благодарение на системот што беше воспоставен, за да во 2024 година имаме минимална плата од 22.567 денари. Фактот дека минималната плата пораснала од 8.000 на 22.567 денари дава кредибилитет токму на СДСМ и коалицијата кои направија систем за раст на минималната плата“, рече Спасовски.Тој потсети дека кога владата на СДСМ го носеше решението за раст на минималната плата, тогашните функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа против таквото законско решение.„Сегашниот гувернер на НБРМ, Трајко Славески, и ден-денес вели дека била погрешна политиката да се гради систем за раст на минималната плата и дека треба да живееме во времето во кое ВМРО-ДПМНЕ продаваше басни низ светот дека евтината работна сила ќе донесе инвеститори во Македонија. Тоа време заврши. Со години ги плашевте фирмите дека ако се зголеми минималната плата ќе пропаднат, а ги плашевте и работниците дека ако се зголеми минималната плата ќе останат без работа. После толку години од тој систем се покажа следново – фирмите наместо да пропаднат, растат, затоа што се зголемува продуктивноста на трудот, а работниците ги задржаа работните места“, рече Спасовски.Притоа, Спасовски додаде дека барањето на синдикатите е оправдано, бидејќи трошоците на живот во секоја ставка рапидно растат.„Прехранбени производи, здравствени услуги, комунални услуги, енергетика – сè има раст. Вие сте две години власт, ги имате институциите на системот, ги имате скоро сите општини под контрола. Ако не знаете, прашајте ги вашите градоначалници во колку општински совети доставија предлози за зголемување на комуналните такси на јавните претпријатија. И ќе ви биде јасно дека трошоците и понатаму растат и тие одлуки не се носат за да Владата ги плати тие трошоци, трошоците ги плаќаат граѓаните. И оттука доаѓа и барањето на синдикатот минималната плата да се зголеми на 600 евра, па понатаму да имаме и систем на раст на платите“, рече Спасовски.

Македонија | пред 1 месец

media-library3jnn542r1qes4fABE6C

Спасовски реагира оти министрите ги нема на седница: Не може да поставуваме пратенички прашања во ветер

Која е смислата на поставување пратенички прашања, ако министрите од владејачкото мнозинство кои треба да одговараат на прашањата не се присутни на седницата, укажа  координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, пред почетокот на денешната собраниски седница наменета за поставување прашања од страна на опозицијата. Спасовски посочи дека со своето отсутво, министрите од власта повторно ја избегнаа својата законска и политичка обврска и покажуваат непочитување на Собранието.Спасовски потенцираше дека пратеничките прашања се инструмент за контрола на Владата и отчетност пред јавноста, а не формалност која може да се игнорира кога на министрите не им одговара.„Според деловникот обврската е да се извести на кого ќе му се поставува прашање и кој ќе поставува прашања до опозиција.Во дописот којшто го доставив до вас како претседател, најавено е дека нашата пратеничка Јована Тренчевска, ќе поставува прашање до Бесар Дурмиши, министерот за економија и труд. Истиот проблем кој што го имавме на минатата седница да го игнорира Собранието да не присутвува и кога ќе дојде тука во Собранието да кажува и да се правда колку бил зафатен со приватни работи итн , денеска повторно не е тука. Мислам дека ваков однос кон Собранието најмалку може да има Бесар Дурмиши, од сите тука кои што се присутни. И мислам дека крајно време е да го почитуваме овој институт на пратенички прашања и да бидат министрите тука“, рече Спасовски.Тој нагласи ваквиот однос претставува потценување на институцијата Собрание и бегање од одговорност.„Имате министер, ако не може да министерот имаме заменик министер, ако не може со еден заменик министер дај сменете, ставете два, три заменици министри, бидејќи имаат многу обврски натаму наваму, нека дојдат овде да одговараат на пратенички прашања или пак ако не сте спремни нека кажат слушајте не сме спремни ние да дојдеме да одговараме на пратенички прашања ќе седиме во влада, ќе бидеме на пат, или си имаме други многу поважни работи тоа што е Собрание“, рече Спасовски.Притоа, Спасовски укажа дека не може да се дозволи пратеничките прашања да се сведат на формалност без суштина.„Не може да поставуваме пратенички прашања во ветер. Бесар Дурмиши не е тука, Марјан заменикот не е тука, и сега која е смислата на поставување на пратенички прашања, за да ги одговараат писмено. Па секој ден имаме право да поставуваме писмени прашања, секој ден. И тие кои што ги поставуваме писмени прашања самите на координација реагирате дека не ни се одговараат од страна на министрите. Која е смислата да сето ова го правиме овде, да глумиме дека имаме некаква одговорност или состојба во која што однесувањето на минстрите ќе биде на ниво на одговорноста која што ја носат кон собранието и на овој начин покажуваме сосема поинаков пристап“, рече Спасовски.

Македонија | пред 1 месец

media-library88j2dg5annmi2InbN4d

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град’’, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може да се види на фотографијата на екранот, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ „Лицата кои јавно се спротивставија на проектот „Безбеден град’’, во изминатите денови излегоа на протести, кои беа насочени против мерки кои имаат за цел да спречат возење без возачка дозвола, без регистрација и без одговорност.СДС и Спасовски, да потсетиме за јавноста, гласаа против имплементација на проектот „Безбеден град’’ во Собранието.Замислете, ексминистер за внатрешни работи, кој не направил буквално ништо во насока на подобрување на сообраќајната безбедност, гласаше против.Јавно ги прашуваме СДС и Оливер Спасовски, дали ќе се дистанцираат и оградат од овие протести и од лицата кои повикуваа на јавен линч, и дали сметаат дека е прифатливо да се протестира против сообраќаен ред, закон и безбедност?СДС и Оливер Спасовски мора да дадат одговори на јавноста затоа што, за време на протестите беа забележани закани со насилство и убиство, и ова е повеќе од алармантно.Почитувани,Ваквото однесување е недозволиво во демократско општество и затоа ги повикуваме сите надлежни институции да постапат без селекција и без двојни аршини, строго согласно закон, и да обезбедат одговорност за сите кои испраќаат закани за насилство.СДС и Оливер Спасовски повторно се обидуваат да направат саботажа на се што е добро и е од интерес за граѓаните. Целта на ,,Безбеден град“ е да се зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Секој оној кој се залага за безбедност и ред во сообраќајот го поддржува овој проект“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj0ca56edjhle7SQF15G

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето што се закануваа дека ќе тепаат и убиваат сликани со Спасовски, протестираат ли по насока на СДС?

Луѓето што вчера протестираа против проектот “Безбеден град”, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС уште од почнување на тест перидот на проектот “Безбеден град” беа против имплементација на истиот, поради нивни причини кои не заслужуваат ниту коментар.Но, она коешто е сомнително е како баш овие кои протестираат за да возат без возачки, имаат слика во кампања на СДС и нивниот носител на ИЕ 2 Оливер Спасовски.СДС да одговори дали стои зад оние кои вчера бараа да возат без возачка дозвола и без регистрација на возилата? Дали ова е начинот на кој СДС ќе посегне да му наштети на проектот “Безбеден град”?Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои се закануваа со убиство и правдата да биде задоволена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

Oliver-Spasovski

Спасовски: Барањето за минимална плата од 600 евра е оправдано и неопходно

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изрази целосна поддршка за протестот на работниците и за активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија, нагласувајќи дека борбата за достоинствени плати е легитимна и неопходна во услови на растечка инфлација и поскапувања.Според Спасовски, граѓаните живеат сѐ потешко, бидејќи зголемените цени директно го намалуваат животниот стандард, додека платите не го следат растот на трошоците за живот. Во таа насока, тој оцени дека барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра е оправдано и реално.„Инфлацијата и поскапувањата го јадат стандардот на граѓаните. Затоа барањата на работниците се сосема оправдани и неопходни“, истакна Спасовски.Тој потенцираше дека СДСМ и од опозициска позиција цврсто стои зад работниците и синдикатите, потсетувајќи дека партијата предложила закон за зголемување на минималната плата, како и конкретни законски решенија и амандмани за покачување на платите во повеќе сектори, кои, како што наведе, биле одбиени од актуелната власт.Спасовски потсети и на резултатите од периодот на владеење на СДСМ, кога, според него, било покажано дека е можно поинаков пристап кон работничките права и платите.„Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари. Тоа се факти кои покажуваат дека со соодветни политики може да се подобри животниот стандард“, рече тој.На крајот, Спасовски порача дека обврска на секоја влада е да обезбеди достоинствени плати и сигурна иднина за работниците, нагласувајќи дека без силни и задоволни работници нема стабилна економија ниту одржлив развој.

Македонија | пред 2 месеци

1-4

45 мртви, а Спасовски молчел: ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања за техничкиот преглед

ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања кон пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврдејќи дека како прв човек на МВР правел злоупотреби наместо да ги спречува и дека профитирал од фирма која дала зелено светло за технички преглед на автобусот на „Беса транс“, кој се запали во Бугарија, при што загинаа 45 македонски граѓани.Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Спасовски е дел од, како што ја нарекуваат, групата предводена од Венко Филипче и Зоран Заев, за која тврдат дека била вклучена во криминални активности. Според партијата, Спасовски заработил кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи во 2021 година, како министер за внатрешни работи, не донел решение за одземање на овластувањето на станица за технички преглед во општина Сарај во законски предвидениот рок, и покрај предлогот од надлежните служби.Со тоа, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, тој ѝ овозможил на таа фирма да се стекне со противправна имотна корист од над 90 илјади евра, односно околу 5,5 милиони денари. Партијата наведува дека Спасовски свесно молчел и не постапувал, дозволувајќи станицата за технички преглед да продолжи со работа и, како што велат, нелегално да остварува приходи.Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека токму истиот технички центар извршил технички преглед и дал одобрение за автобусот на „Беса транс“ кој подоцна се запали во Бугарија, во една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија. Според нив, ова отвора сериозни прашања за одговорноста на тогашниот министер и за неговата улога во системот кој, наместо да ја гарантира безбедноста, ја загрозил.Партијата оценува дека Спасовски ѝ должи одговори на јавноста, меѓу кои и дали земал пари за да не го одземе овластувањето на фирмата за технички преглед, колкава била таа корист и дали трагедијата со автобусот на „Беса транс“ воопшто ја разбудила неговата совест. Во реакцијата се наведува и дека СДСМ, доколку сака да функционира како сериозна политичка партија, треба да се дистанцира од, како што велат, лица кои се симбол на криминалот во нејзините редови.

Македонија | пред 3 месеци

f11f401d-4958-43a5-b018-f261c802fa7a

Спасовски: Македонија не смее да прифати мигранти што нема каде да ги врати

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека Македонија не смее да стане држава која ќе спроведува азилски постапки за друга земја, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема да може да ги врати во нивните матични држави. Во гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 Телевизија, тој предупреди дека разговорите за евентуално сместување мигранти во земјава носат сериозни, пред сè безбедносни ризици.Според Спасовски, Македонија нема склучено реадмисиони договори со земјите на потекло на мигрантите, што значи дека дел од нив би останале трајно на територијата на државата без правна можност за враќање. Како пример за потенцијалните безбедносни предизвици, тој посочи дека неодамна група мигранти од Египет го демолирале транзитниот центар во Табановце, што, како што рече, покажува колку чувствителни и сложени се овие процеси.Осврнувајќи се на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека додека е на функција нема да има бегалски кампови, Спасовски оцени дека и без класични кампови може да се создадат бегалски населби со мигранти, што повторно го отвора прашањето за безбедноста и контролата.Тој потсети дека прифатните центри „Винојуг“ во Гевгелија и Табановце функционираат од 2015 година и дека тогаш бил изменет Законот за странци со воведување рок од 72 часа за транзит на мигрантите. Во тој контекст, Спасовски ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во 2018 година биле договарани нови прифатни центри за мигранти во Македонија.

Македонија | пред 3 месеци

a50e5fa0-b3e6-4eef-ba41-d73b39a8aa95

ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања: Спасовски дозволил незаконски профит и ја загрозил безбедноста на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања на адреса на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека наместо да ја штити безбедноста на граѓаните, тој ја загрозил преку институционална негрижа и непостапување согласно законските обврски.Од партијата наведуваат дека за станицата за технички преглед во општина Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но и покрај тоа, Спасовски не донел решение за одземање на овластувањето во законски предвидениот рок. Според нив, ваквото одложување траело цели три месеци, период во кој техничкиот центар продолжил со работа и, како што тврдат, остварил незаконски профит од околу 5,5 милиони денари, односно приближно 90.000 евра.ВМРО-ДПМНЕ посочува дека пропустот е уште посериозен ако се земе предвид дека автобусот на компанијата „Беса Транс“, кој беше вклучен во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица, техничкиот преглед го извршил токму во оваа станица во Сарај. Според обвинувањата, лиценцата на техничкиот центар била одземена дури три дена по трагедијата, што отвора сериозни прашања за навременоста и одговорноста на институциите.„Дали трагедијата можела да се спречи доколку Спасовски постапел навреме? Дали постоел некаков договор со фирмата поради кој била игнорирана законската постапка? И дали одземањето на лиценцата по несреќата било обид за задоцнета реакција поради чувство на вина?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата оценуваат дека станува збор за тешки институционални пропусти кои не смеат да се повторат и нагласуваат дека јавноста има право да знае кој бил одговорен за гарантирање на безбедноста на граѓаните, а не ја извршувал таа должност.ВМРО-ДПМНЕ бара целосно расчистување на случајот и утврдување на индивидуална одговорност, потенцирајќи дека правда и одговорност мора да има, особено кога станува збор за прашања поврзани со човечки животи и јавната безбедност.

Македонија | пред 3 месеци

media-library136d6v2fe5ldcyBsviC

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нови, остри обвинувања кон поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека тој свесно го одложувал затворањето на станица за технички преглед во Сарај и на тој начин им овозможил на нејзините сопственици да стекнат противправна имотна корист од околу 90.000 евра.Според опозицијата, Спасовски три месеци го држел во фиока решението за затворање на станицата – истата станица каде технички преглед поминал и автобусот на „Беса Транс“, во кој загинаа 45 патници во тешката несреќа во Бугарија.„Зошто Спасовски три месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата? Дали зад заштитата стои нешто друго?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека поранешниот министер го ставил својот потпис на решението дури три дена по трагедијата со „Беса Транс“.Според нивните пресметки, во периодот додека решението било стопирано, станицата заработила над 5,5 милиони денари, односно околу 90.000 евра.Опозицијата дополнително прашува колку потенцијално небезбедни возила ја поминале контролата во тој период и дали на тој начин била загрозена безбедноста на илјадници возачи низ државата.„Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи во државата. Јавното обвинителство треба веднаш да постапи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Партијата обвинува дека СДСМ, наместо да се огради од ваквите постапки, „ги штити криминалците во своите редови“.

Македонија | пред 3 месеци

media-library136d6v2fe5ldcyBsviC

МВР поднесе кривична против Оливер Спасовски, осомничен е дека спречил одземање лиценца за технички преглед

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради сомневање за злоупотреба на службената должност.Според информациите, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 9 декември 2025 година доставил кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против О.С. (49) од Куманово. Тој се сомничи дека, додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи во 2021 година, спротивно на законот овозможил приватен оператор за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во висина од 5.565.927 денари.Како што наведува МВР, поранешниот министер ја искористил службената позиција и намерно не донел решение за одземање на овластувањето на правното лице, иако надлежната организациска единица за граѓански работи навремено поднела предлог за тоа. Законската обврска предвидува донесување решение во рок од најдоцна 15 дена од приемот на предметот, но О.С. не постапил согласно член 65 став 3 од Законот за возила и член 5 од Правилникот што ја уредува постапката за издавање и одземање на овластувања за технички преглед.Поради овие пропусти, техничкиот центар продолжил да работи без да биде санкциониран, со што, според пријавата, била овозможена значителна незаконска добивка.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl1665rbn007u6hwJ8I1

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

„Ова е навистина тешка дебата во којашто се мешаат разумот и емоциите, меѓутоа во моменти кога родителите собираат најголема сила за да учествуваат во дебатата, на нас не треба да ни биде тешко ништо. Треба да бидеме потрезени и поразумни во дебатата ако сакаме да допринесеме барем малку да се смени системот“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната дебата пред анкетната комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Спасовски нагласи дека трагедијата ги погоди не само семејствата на жртвите, туку и целата заедница: „Загуба има и градот Кочани, државата, изгубени се цели генерации, не само на починатите, туку и на оние кои преживеаја и кои останаа со сериозни повреди“, потенцираше Спасовски.Тој нагласи дека анкетната комисија има задача да го испита функционирањето на системот и институциите, но дека кривичниот прогон останува во надлежност на Јавното обвинителство.Спасовски повика на анализа на законските решенија и сите системски пропусти: „Од 16 март до денеска, најлесно ни е да кажеме ‚системот не функционира‘, но не одговараме на прашањето што направивме за да почнеме да го менуваме системот кој не ни функционира“.Тој потенцираше дека е неопходно да се ревидираат закони и правила кои оставиле простор за манипулација: „Сè што не го дефинираме во законска рамка остава простор за манипулација и различни толкувања, што нè доведува во сериозен системски проблем. Временската рамка сè уште овозможува конкретни акции. Сè уште има време декларативното да го претвориме во дела“, додаде тој.Спасовски истакна дека барањата на родителите и семејствата мора да бидат разгледани и аргументирано образложени:„Игнорирањето е најлош можен пристап, особено кон семејствата на загинатите. Системот ќе го градиме со заедништво и солидарност. Комисијата и секоја друга расправа не смеат да бидат политизирани. Ова е настан во кој нема и не треба да има политика“, истакна Спасовски.Тој потврди дека поддршката на пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе биде целосна во процесот:„Поддршката на пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе ја имате во целиот процес, заедно со законодавниот дом и парламентарното мнозинство, доколку навистина сакаме да направиме промени. Повикувам по завршување на дебатата да седнеме заедно со родителите и заеднички да ги напишеме заклучоците и едногласно да ги усвоиме, за да знаеме како да постапуваме во идниот период“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Спасовски останува координатор на СДСМ, најавуваат од утре објава на „страшни скандали“ на луѓе блиски до Владата

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес комференција објави дека пратеникот Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на партијата и дека се надминати недоразбирањата.Филипче ја потврди информацијата дека Спасовски побарал повеќе да не биде координатор меѓу двата круга од локалните избори.„Причина беше недозразбирање од техничка природа кое што го разрешивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање бидејќи доведе до една непријатна ситуација која не беше намерна ниту тенденциозна. По разговорите и по расчистување на недоразбирањето, Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група”, рече Филипче.Тој најави дека СДСМ од утре ќе започне со објавување на серијал како што рече„страшни скандали“ на повеќе прес-конференции „за да видат граѓаните кои луѓе блиски до Владата што прават и што се случува зад завесата“.

Македонија | пред 4 месеци

pari-1

Денеска пауза, утре продолжува комисиското „кроење” на буџетот за 2026

Пратениците денес ќе одмораат а седницата на Комисијата за финансирање и буџет каде се разгледува Предлог Буџетот за 2026 година, ќе продолжи утре, во 12 часот.Власта и опозицијата имаат спротивставени мислеа. Пратениците од власта го бранат Буџетот како одржлив и развоен со вклучена социјална компонента.„За 2026 година се предвидува 3,8 отсто раст на БДП, што не е случајно, туку следува по трите квартали постојан раст. Стапката на инфлација е детерминирана на 2,5 отсто како резултат на рамотежата во делот на цените на храната, од една страна и цените на енергенсите, од друга. Ова значи дека имаме континуиран економски раст, стабилизирање на инфлацијата, добро менаџирање на јавните пари и креирање буџет во функција на решавање на проблемите на граѓаните. Главните двигитали ќе бидат зголемената активност кај градежништвото и домашната потрошувачка. Стапката на невработеност е предвидено да биде 10,1 отсто, а платите и пензиите ќе растат”, рече Емил Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ.Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk51eks3vvgp2frEyWnb

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како исклучително развоен со силна социјална компонента. Тој истакна дека целта е забрзување на економскиот раст и спроведување  фискална консолидација преку зајакната финансиска дисциплина, воедно посочувајќи дека најголем двигател на растот ќе бидат бруто-инвестициите.„Во 2026 година се очекуваат позитивни движења и економскиот раст да забрза за 3,8%, како резултат на растот на инвестициите и последователен пад на стапката на невработеност на историски најниско ниво од околу 10%, раст на пензиите и платите и солидно зголемување на приватната потрошувачка. Најголем придонес кон растот во 2026 година се очекува да имаат бруто инвестициите, преку реализација на големите инфраструктурни проекти, финансирани од државата, во патната и железничката инфраструктура, пред се Коридорите 8 и 10Д, како и проекти во енергетиката, земјоделието, образованието и здравството“, рече Спасовски.Пратеникот Спасовски се осврна на неколку проекти кои се од клучно значење за развој на регионот и особено значајни за општина Крива Паланка, истакнувајќи дека со капиталните инвестиции во општините ќе се подобрат услови за живот на граѓаните.„Дополнителен двигател на бруто инвестициите ќе биде поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел по рамномерен регионален развој и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Значајна ставка во Предлог буџетот се капиталните расходи, каде капиталните проекти учествуваат со околу 9,8% од проектираниот буџет, односно се проектирани во износ од 660 милиони евра. Од овие средства ќе се реализираат инфраструктурни и енергетски проекти, капитални проекти од областа на сообраќајната, комуналната и локалната инфраструктура.  Ќе се финансира западниот дел од патниот Коридор 8, изградба на железницата како дел од Коридорот 8, каде што првата делница од Куманово до Бељаковце е пуштена во употреба, интензивно се работи на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства и третата делница од Крива Паланка до Деве Баир“, рече Спасовски.

Македонија | пред 4 месеци

19052020_PVRSM_Spasovski_telrazgovor

Дали Спасовски мета на АНБ додека ја воделе „неговите“: Вистината мора да биде јавно објавена!

И ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е ставен на списокот на лица кои биле обработувани од страна на Агенцијата за национална безбедност. Неговото име го објави порталот „Мкд.мк“ и е прв споделен во јавноста од редот на СДСМ, по аферата која беше пласирана. Непознато е како биле обработувани, а медиумот посочува „Вилма Русковска и Оливер Спасовски, тогашниот министер за внатрешни работи, биле предмет на обработка затоа што преземале некакви активности во рамките на нивните надлежности против Фросина Ременска, сопругата на Јовче Ременски од АНБ“.Спасовски пак, без конкретен став дали се сомнева во тоа дека бил таргет на нелегално следење на комуникациите, како и дали има информација дека бил цел на оперативно-технички обработки. Тој очекува одговорот да го добие со декласификација на целата документација.„Очекувам итна декласификација на целата документација за овој случај. Постои постапка согласно која АНБ може да ги обелодени сите информации и сите документи. Вистината мора да биде целосно достапна на јавноста и мора низ една транспарентна, законска постапка да се утврди дали и кој направи злоупотреби, и секако да се бара одговорност. Конечно мора да се застане на патот на оние кои злоупотребуваат, а службите да бидат заштитник на уставниот поредок на државата и на граѓаните“, вели актуелниот пратеник, Оливер Спасовски.Претходно, во јавноста беше пласирано дека нелегално прислушувани и предмет на оперативно-техничка обработка биле премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландив и Љупчо Златев. Потврда нема за ниту едно објавено име, освен за премиерот Мицкоски, кој самиот кажа дека документите покажувале негово нелегално следење.

Македонија | пред 6 месеци

spasovski

Спасовски: Со ребалансот власта ја признава економската катастрофа – 0 проекти, 0 резултати

Предложениот ребаланс на буџетот претставува обид на власта да ги прикрие сериозните пропусти во управувањето со јавните финансии и непланираните расходи, што отвора пат за дополнително задолжување и загрозување на економската стабилност. Ваквата политика ќе го отежне економското функционирање на граѓаните и бизнисите, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот.Тој потенцираше дека ова е прв ребаланс на буџетот кој се прави на буџет што го создаде ВМРО-ДПМНЕ и со него имаме ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината, што претставува дополнителни 4% од бруто домашниот производ (БДП) и што ќе ја пробие критичната граница од 60% јавен долг во однос на БДП, поставувајќи во ризик иднината на државата и граѓаните.„Власта се обидува да ја прикаже состојбата во државата како идеална, особено во пресрет на локалните избори, но реалноста е далеку од тоа. Без јасна и долгорочна економска стратегија, само се продлабочуваат проблемите, а ребалансот претставува краткорочно решение кое ја зголемува неизвесноста кај граѓаните и стопанството“, рече Спасовски.Тој додаде дека нема конкретни мерки кои би ја стимулирале инвестициите и би ја подобриле животната состојба. Наместо тоа, се продолжува со политика која создава конфузија, ризик од поголемо задолжување и сериозна финансиска нестабилност.Во однос на капиталните инвестиции, Спасовски посочи дека реализацијата до 12 јуни изнесува само 23% од планираните расходи, што не гарантира ветениот инвестициски циклус и развој на економијата.Покрај тоа, нема видливо зголемување на средствата за реформи во правосудството и институциите задолжени за борба против корупцијата, а независноста на институциите е сериозно загрозена.„Финансиската поддршка за малите и средните претпријатија е скратена за 900 милиони денари, а неплатените буџетски обврски се околу 700 милиони евра, што ја зголемува финансиската нестабилност и создава дополнителни ризици“, потенцираше Спасовски.Тој постави и клучно прашање: дали во ребалансот се обезбедени средства за исплата на финансиската поддршка и како ќе се сервисира тој долг? Владата и Министерството за финансии треба јасно да дадат одговори за тоа како ќе ги сервисираат долговите, како ќе ја подобрат реализацијата на капиталните инвестиции и како ќе го зајакнат правосудството и институционалната независност.„Без конкретни и долгорочни решенија, економската стабилност и развојот на земјата остануваат загрозени. До крајот на годината нема да има никакви значајни промени, затоа што ребалансот е само обид за одржување на илузијата за развој. Политиката на ‘купи ден, продади ден’ останува доминантна, а резултатите се 0 проекти, 0 резултати и 100% изговори“, потенцираше Спасовски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-29-at-12.42.05

Спасовски: Дали ќе се отстрануваат дивоградбите во Чаир?

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, а се однесуваше на најновите случувања со утврдените дивоградби, во општина Чаир, дали тие ќе се отстрануваат и како тоа би се реализирало.Во продолжение интегрален текст на прашањето:Третото прашање сакам да го поставам до министерот за транспорт и врски. Се однесува на најновите случувања кои се однесуваат на утврдените дивоградби, да речеме во општина Чаир.Меѓутоа, тоа не е само случај во една општина. Според најавите, според информациите – особено по случајот во Кочани – постојат многу објекти, дивоградби, за кои се утврдени, издадени решенија и слично, но не се извршени. Навистина сметам дека ова се многу сензитивни прашања, во однос на дивоградбите, особено по случувањата во Кочани, бидејќи една од клучните работи е да видиме што и како понатаму.Дали ќе се решаваат на некаков начин, дали ќе имаме одредено решение?Знаеме дека беа засегнати и угостителите, бидејќи еден добар дел од тие објекти се издадени со некакви одлуки за времени објекти, урбана опрема итн. Но, сигурно дека постојат и објекти кои се изградени без никаква дозвола, или сè уште се градат без никакви одобренија за градба.Знаеме дека, сега неколку пати дојде до промени на законското решение – во делот на Законот за градење, токму во делот на издавањето на дозволите.Имаше промена во која, ако се издаде незаконска дозвола или не се исполнат условите, тој што ја издава ќе носи одговорност – и тоа е така и треба да биде.Меѓутоа, другата промена е: доколку ги исполнува сите услови апликантот, а не му се издаде дозволата – да нема никаква одговорност од страна на градоначалникот или оној што ги издава.Моето прашање е конкретно во однос на овие ситуации:Сега кога знаеме дека дојде до промена на законската регулатива, според која сите државни инспекторати преминаа под надлежност на соодветните министерства, дали – по овие најави и случувања, не мора само генерално за една општина, има одреден план?Дали Државниот инспекторат за градежништво, под надлежност на министерот, извршил контроли на нови објекти?Дали постои план што и како ќе се прави во однос на овие градби?Дали тие градби имаат можност да се легализираат – дали се вклопуваат во деталните планови? Дали ќе се оди кон отстранување на дивоградбите и како тоа би се реализирало?Мислам дека е добро да знаеме – и ние, и македонската јавност.

Македонија | пред 10 месеци

Oliver-Spasovski

Спасовски: Со неуставна интепелација Власта го руши уставниот поредок

Со кршење на уставот и неуставна интепелација парламентарното мнозинство го руши уставниот поредок. Тоа е удар за правосудниот систем и напад на владеењето на правото, рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за интерепелација на членовите на Судскиот совет.Овде се повикувате на реформи во правосудниот систем, кој што се потребни во државата , кои се потребни да се врати довербата во судството, и наместо реформа се започнува со операционализацијата на една неуставна интерпелација, додаде тој.-Зошто е неуставна? Затоа што, член 68 ст1 алинеја 15 од Уставот предвидува интерпелација на оние кои одговараат пред Собранието, Владата, поедини членови на владата и др. носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието. На членовите на Судскиот совет одговорност може да утврдува само Судскиот совет, бидејќи тој е уставна категорија и претставува самостојно и независно тело во судството. Затоа поднесените интерпелации како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите од горе цитираниот член е преседан и недозволен акт во една демократска држава, упад во судството, кој ја руши темелната вредност на уставниот поредок на поделба на државната власт, во член 8 ст1 алинеја 4 од Уставот. И повреда на основното начело на еднаквост на членовите на Сускиот совет, создавајќи дискриминација помеѓу членовите, рече Спасовски.Понатаму, потенцираше Спасовски, Уставот со членовите 104 и 105 го регулира статусот, составот, мандатот на членовите, условите и постапката за избор и разрешување на членовите и надлежностите на Судскиот совет.-Поконкретно разработени во законот за Судскиот совет како lex specialis и е гаранција за независноста и непристрасноста на судската власт во однос на законодавната и извршната власт, но и во однос на политичките партии, органите на државната управа и на другите др институции. Затоа поднесената интерпелација е антипод на ваквата интенција која што е предвидена со Уставот, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.Поради овие причини Спасовски најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница.

Македонија | пред 1 година

spasovski3

(Видео) Спасовски: Сиљановска имаше формално обраќање, изостана нејзина реакција за многу важни теми

„Денешното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е едно формално обраќање пред Собранието, не понуди визија за иднината на државата, во коешто едноставно имаше констатации со извештати за тоа што направила, какви средби имала. Меѓутоа немаше суштински и конкретно во делот на политиките“, рече координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.„Мора да кажам два дела од обраќањето, кога зборуваше за Армија, поддршката на Армијата и на политиките кои значат унапредување на состојбата во Армијата и подобрување на животниот стандард на сите војници е нешто што ќе добие поддршка од нас. Второ, поддршката на еднаквите можност, на жените во политиката декларативно е добро како став на претседател на држава, но очекувам дека таа декларативност, преку влијание, преку јавно искажан збор да биде преточена и во конкретни политики.Постојан многу теми во општеството за коишто требаше да бидат дел од годинашното обраќање на претседателката.Токму заради тоа што и самата во говорот се претстави како човек којшто се бори за демократија, за транспарентност, и на крајот како правник во политиката е не како политичар во правото.Очекувавме да каже став за тоа дека највисокиот законодавен дом, многу ретко разгледува закони по редовна постапка, над 90% се по скратена постапка, нешто што жестоко се спротивставуваше во изминатиот период.На тој начин не се јакне демократскиот капацитет на институциите туку паѓа.Кога зборува за јакнење на транспарентноста, очекував дека јавно ќе го осуди носењето на Законот за јавни набавки со којшто се руши транспаретноста. Очекувам и ја повикувам да не го потпише овој Указ.На тој начин ќе покаже дека демократијата и транспарентноста се постулати на коишто не само декларативно ќе ја врши функцинијата туку врз реални основи.Очекував дека ќе ги осуди сите постапки за промена на законодавството, на правното уредување коешто се рушеше правниот поредок, како промените за регулаторните тела, комисиите, на луѓе кои имаа мандат противзаконски се укинуваа тие мандати.Или двете автентични толкувања на Законот за надворешни работи со коишто се создаваат можности на мала врата за рушење на дипломатската мрежа, што е надлежност на претседателот на државата.Ова се работи за коишто требаше да се прати порака.Што се однесува до единството, националното единство, за важните прашања во државата, исто така, наместо декларација треба конкретни чекори.За да има единство треба да имаме дијалог, за да има дијалог некој ќе треба да повика и да организира. Ние како СДСМ и коалиција сме подготвени да разговараме за сите прашања важни за државата, да има дијалог и да се постигне консензус.Доколку постои предлог за евроинтегративните процеси на државата тој предлог треба да биде споделен и со парламентарната опозиција и заеднички да разговараме и да изградиме заеднички ставови.Секако дека повикувајќи се на граѓаните и сиверенитетот којшто им припаѓа очекував барем неколку реченици да каже и за состојбата на економски план, што се случува и да упати порака или начин за решение на проблемите.Како и да е, сакам да верувам дека ќе најде сили да излезе од сенката на парламентарното мнозинство, на владата и да биде доволно гласна. Таа гласност да се препознае дека е во името на граѓаните на Македонија“, изјави Спасовски.

Македонија | пред 1 година

stekli1

Спасовски по вчерашната бомба кај Штекли: Криминалните пресметки се показател за неспособноста на актуелниот министер

„Вистинско прашање сега се поставува, зошто за само неколку месеци ни се случуваат 25 вооружени инциденти во коишто имаме ранети, убиени граѓани. Зошто овие настани се случуваат и зошто токму овие криминални банди добиваат на значање на сила токму во овој период“, вели Оливер Спасовски - пратеник на СДСМ и додава:„Нема оправдување. Ако 1 година го предводи некој МВР да кажува дека заради тоа што се случувало во минатото сега не може да преземам ништо повеќе. Се бара знаење, посветеност и пристап којшто ќе овозможи заштита на граѓаните.На крајот ниту еден граѓанин не му важно со што се соочува некој министер или Министерство за внатрешни, граѓаните сакаат мир и безбедност затоа што е недозволиво да излезат и да се плашат дали некој во одреден момент, некоја криминална група ќе пука, ќе подмете бомба или не дај Боже да се случат посериозни настани. Истот ден се случи пукање и во куќа во Шуто Оризари, каде што имаше вооружена престрелка но не се објави во јавноста. Така да треба да се преземаат мерки а тие мерки може да дадат резултати не ако се удира по професионалците во МВР туку ако им дадете потстрек за да се борат со криминалот и со справувањето со ваквите криминални структури“.

Македонија | пред 1 година

SpasovskiPratenicki1-4

Спасовски до Мицкоски: Божиновска ја излажа јавноста за бугарското државјанство, ќе ја разрешите ли?

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, потсети на лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот кога беше присутна претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во однос на францускиот предлог, односно таканаречениот бугарски диктат и на променетиот став на власта денеска. Спасовски го праша Мицкоски дали ќе ја разреши министерката Сања Божиновска затоа што ја излажа јавноста за нејзиното бугарско државјанство.-Сега имаме состојба којашто веројатно е променета, а се однесува на носењето на одлуките при креирањето на владата. Впрочем изелога информации во јавноста дека во владата имаме министер кој се изјаснува дека е со бугарска самосвест, немам ништо против тоа е природно право и секој може тоа да го каже. Меѓутоа прашањето ми е дали при составот на владата, при разговорите што сте ги имале со кандидатите, бевте информирани за една ваква ситуација и можеби начелото: Прво Бугарите во Владата, па после во Уставот ќе вроди со плод и тоа е начинот на којшто ќе дојдете до промена на Уставот, нели новиот план што го претставивте и во изборната кампања и на изборите. Еднаш Божиновска велеше дека нема бугарско државајнство, потоа дека адвокати биле одговорни, за да излезе документ, потпишан од неа дека има бугарска самосвест. Еве го тој документ. Она што сега во јавноста кружи сакам да ве прашам дали ќе се побара одговорност од министерката Сања Божиновска?, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во прашањето упатено до премиерот Мицкоски.Пратеникот Спасовски му врачи примерок на Мицкоски од изјавата на Божиновска за бугарската самосвест.

Македонија | пред 1 година

Oliver-Spasovski

Спасовски: Го осудувам пристапот на Бугарија но за знамето вина има Кабинетот на Силјановска

Осудувам пристап каков што го имаше Бугарија во однос на Претседателката на државата, со неистакнување на знамето, меѓутоа тука има вина и одговорност кај Претседателката односно кај нејзиниот кабинет, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата Трилинг.-Не може државата да биде „повторно горда“ а вие самите себе да се потценувате а со тоа и граѓаните на Македонија да ги потцените. Постоеле механизми како тоа да се среди и да не дојде до ваква ситуација. Добро е да бидеме заштитници но на соодветен начин и време и на дело да се покаже дека сакате да ги заштитите националните интереси. Тоа бил моментот, кога се увидело дека не се почитувале протоколите да се реагира, прашање е дали требало да се одржи една таква средба, рече СпасовскиАко претседателката на државата не го штити достоинството на државата и на граѓаните, од кого очекуваме. Очекуваме дека со реакции отпосле ќе направиме нешто? Не, прво тоа треба да се превенира, додаде тој.Треба да се напушти процесот на нарушување на односите на сите околу нас, кој наместо партнер да го правиме противник на Македонија. Не би сакал да се случи нова фаза на изолација, тоа нема да биде добро да земјата, вели Спасовски.-Често пати се поставува дилема во јавноста дали декларативните заложби кои како опозиција ги имаше актуелната власт за членство во ЕУ се и реални. Досега често пати имавме изјави со скепса за нашиот пат кон ЕУ, но досега никој нема понудено алтернатива. Која е алтернативата доколку државата не се движи по европскиот пат? За нас како СДСМ тоа е јасно, нема алтернатива. Дали постојат фрустрации кај граѓаните од тоа што долго трае процесот за прием на државата, да. Но, во тој правец треба да се преземат чекори. И од Европската унија секако. Но апсолутно не можам да се согласам дека се некој друг ни е виновен за она што владата не може да го постигне. Напротив, сметам дека треба сериозно и посветено да се работи на таа европска агенда, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата Трилинг.

Македонија | пред 1 година

011-6

Спасовски: Затајува координацијата на институтициите за справување со пожарите

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, во емисијата „Вести плус“ на канал 5 телевизија во врска со интензивните пожари кои пустошат во државата истакна дека координацијата на институциите затајува, а ситуацијата бара далеку подинамичен пристап.-Затајува координацијата. Апелирам во овој период за енергична акција. И за пронаоѓање на било какви сторители или оние што палат. Институциите треба да работат, да се преземаат најстроги мерки за секој што ќе се отркие да подметнува пожар, заради тоа што најмногу страда државата, се загрозува и здравјето и безбедноста на граѓаните, рече Спасовски.Тој ги демантираше лагите дека досега не се вложувало ништо во справувањето со пожарите посочувајќи дека СДСМ ги опреми хеликоптерите за да може да се гасат пожари.-Нека каже било кој дали постоеле хеликоптери и персонал. Немало. МВР немаше подготвено ниту еден воздухоплов, ниту еден хеликоптер, којшто беше опремен за гасење пожари, ниту имаше обука за полициски службеници за гасење пожари. Во 2022 година МВР од сопствен буџет опреми три хеликоптери со најсовремена опрема и го обучи персоналот, заедно со колегите од Словенија, преку заеднички проект и денеска тие се една од најмобилните единици за гасење пожари, нагласи Спасовски.Во врска со ребалансот на буџетот Спасовски ја посочи разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.-СДСМ не поднесуваше илјадници амандмани, со кои ќе се одолговлече постапката за донесување на ребалансот, тоа е разликата меѓу нас и сегашната власт. Тие кога беа во опозиција поднесуваа амандмани само за да може да се одолговлекува целиот процес. СДСМ поднесе амандмани за поголеми плати, за награди за пожарникарите, полицајците, војниците, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски.

Македонија | пред 1 година

SPASOVSKI-KRUPEN-1

Нова кривична за Спасовски од полицајци: „Потпишал решенија додека имал корона и бил во изолација“

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) објави дека поднеле кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.„Денес Синдикат на Полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето О.С поранешен Министер за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение дека пријавениот во својство на службено лице – поранешен Министер во МВР со пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената положба и овластувања кои ги имал ги сторил кривичните дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и “Несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик“, велат тие и додаваат:„Во конкретниот случај постои основано сомнение дека пријавениот О.С со злоупотреба на службената положба и овластување, со непочитување на здравствените прописи кои важеле во тоа време како и преземање на мерки и службени дејствија за време на спреченост на работа односно додека бил на боледување и непочитувајќи ги прописите за заштита од прописите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за заштита од вирусот „Ковид 19“ своерачно и незаконски потпишал две решенија за распоредување а со тоа ги сторил кривичните дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“ предвидени во член 353 и 353-в од Кривичниот законик“.Синдикатот упати и прашање: „Каков човек треба да бидеш, додека си на боледување, да бидеш болен од Ковид 19, да бидеш во изолација и единствено да те интересира тоа да нанесеш штета на работниците на кои со години од твоето владеење „се колнеше“ дека се "ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА". СРАМ И АРАМ ДА ТИ Е СПАСОВСКИ!“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања