Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Спасовски реагира оти министрите ги нема на седница: Не може да поставуваме пратенички прашања во ветер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3jnn542r1qes4fABE6C

Која е смислата на поставување пратенички прашања, ако министрите од владејачкото мнозинство кои треба да одговараат на прашањата не се присутни на седницата, укажа  координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, пред почетокот на денешната собраниски седница наменета за поставување прашања од страна на опозицијата. Спасовски посочи дека со своето отсутво, министрите од власта повторно ја избегнаа својата законска и политичка обврска и покажуваат непочитување на Собранието.

Спасовски потенцираше дека пратеничките прашања се инструмент за контрола на Владата и отчетност пред јавноста, а не формалност која може да се игнорира кога на министрите не им одговара.

— реклама —

„Според деловникот обврската е да се извести на кого ќе му се поставува прашање и кој ќе поставува прашања до опозиција.Во дописот којшто го доставив до вас како претседател, најавено е дека нашата пратеничка Јована Тренчевска, ќе поставува прашање до Бесар Дурмиши, министерот за економија и труд. Истиот проблем кој што го имавме на минатата седница да го игнорира Собранието да не присутвува и кога ќе дојде тука во Собранието да кажува и да се правда колку бил зафатен со приватни работи итн , денеска повторно не е тука. Мислам дека ваков однос кон Собранието најмалку може да има Бесар Дурмиши, од сите тука кои што се присутни. И мислам дека крајно време е да го почитуваме овој институт на пратенички прашања и да бидат министрите тука“, рече Спасовски.

Тој нагласи ваквиот однос претставува потценување на институцијата Собрание и бегање од одговорност.

— реклама —

„Имате министер, ако не може да министерот имаме заменик министер, ако не може со еден заменик министер дај сменете, ставете два, три заменици министри, бидејќи имаат многу обврски натаму наваму, нека дојдат овде да одговараат на пратенички прашања или пак ако не сте спремни нека кажат слушајте не сме спремни ние да дојдеме да одговараме на пратенички прашања ќе седиме во влада, ќе бидеме на пат, или си имаме други многу поважни работи тоа што е Собрание“, рече Спасовски.

Притоа, Спасовски укажа дека не може да се дозволи пратеничките прашања да се сведат на формалност без суштина.

„Не може да поставуваме пратенички прашања во ветер. Бесар Дурмиши не е тука, Марјан заменикот не е тука, и сега која е смислата на поставување на пратенички прашања, за да ги одговараат писмено. Па секој ден имаме право да поставуваме писмени прашања, секој ден. И тие кои што ги поставуваме писмени прашања самите на координација реагирате дека не ни се одговараат од страна на министрите. Која е смислата да сето ова го правиме овде, да глумиме дека имаме некаква одговорност или состојба во која што однесувањето на минстрите ќе биде на ниво на одговорноста која што ја носат кон собранието и на овој начин покажуваме сосема поинаков пристап“, рече Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Спасовски: Како сопственик на хидроцентрали ќе биде независен регулатор?

Македонија | пред 2 седмици

media-library7mjcbhf4m7rb4vacvyy

Спасовски до Дурмиши: Зошто владата не презема мерки за бруталното поскапување на прехранбените производи?

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykmggvk1l26psak85UWu

Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања