Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 часа -

Македонија
media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието реагираше процедурално на предложените измени на Законот за Влада поврзани со техничката влада, оценувајќи дека нивното носење по скратена постапка не е во согласност со договорениот пристап меѓу политичките партии и воспоставените принципи, стои во соопштение од СДСМ.

Тој изјави дека предложеното законско решение излегува од рамките на моделот врз кој е донесен Законот за Влада и е спротивно на политичкиот договор меѓу партиите, се наведува во соопштението.

— реклама —

Спасовски потсети дека решението за техничката влада и изборните циклуси произлегува од договор меѓу четирите најголеми партии, со поддршка од меѓународната заедница, првично поврзан со изборите во 2016 година, а подоцна во 2018 година повторно усвоен без временско ограничување, односно до влезот на државата во Европската Унија, се наведува во соопштението од СДСМ.

Тој нагласи дека актуелните обиди за измени се во спротивност со претходни позиции на политичките чинители и дека Законот за Влада е дел од поширока реформска агенда која ги опфаќа и изборниот законик и кривично-правните реформи, стои во соопштението.

— реклама —

Според него, носење на вакви решенија по скратена постапка би значело отстапување од реформскиот процес кој бара системски и темелен пристап, се наведува во соопштението.

Спасовски повика на продолжување на дијалогот и постигнување консензус во Собранието, со цел зачувување на договорениот модел, стои во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Спасовски: Како сопственик на хидроцентрали ќе биде независен регулатор?

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library7mjcbhf4m7rb4vacvyy

Спасовски до Дурмиши: Зошто владата не презема мерки за бруталното поскапување на прехранбените производи?

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykmggvk1l26psak85UWu

Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Македонија | пред 1 месец

media-library3jnn542r1qes4fABE6C

Спасовски реагира оти министрите ги нема на седница: Не може да поставуваме пратенички прашања во ветер

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања