Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Спасовски: Дали ќе се отстрануваат дивоградбите во Чаир?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-05-29-at-12.42.05

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, а се однесуваше на најновите случувања со утврдените дивоградби, во општина Чаир, дали тие ќе се отстрануваат и како тоа би се реализирало.

— реклама —

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

— реклама —

Третото прашање сакам да го поставам до министерот за транспорт и врски. Се однесува на најновите случувања кои се однесуваат на утврдените дивоградби, да речеме во општина Чаир.

Меѓутоа, тоа не е само случај во една општина. Според најавите, според информациите – особено по случајот во Кочани – постојат многу објекти, дивоградби, за кои се утврдени, издадени решенија и слично, но не се извршени. Навистина сметам дека ова се многу сензитивни прашања, во однос на дивоградбите, особено по случувањата во Кочани, бидејќи една од клучните работи е да видиме што и како понатаму.

Дали ќе се решаваат на некаков начин, дали ќе имаме одредено решение?

Знаеме дека беа засегнати и угостителите, бидејќи еден добар дел од тие објекти се издадени со некакви одлуки за времени објекти, урбана опрема итн. Но, сигурно дека постојат и објекти кои се изградени без никаква дозвола, или сè уште се градат без никакви одобренија за градба.

Знаеме дека, сега неколку пати дојде до промени на законското решение – во делот на Законот за градење, токму во делот на издавањето на дозволите.

Имаше промена во која, ако се издаде незаконска дозвола или не се исполнат условите, тој што ја издава ќе носи одговорност – и тоа е така и треба да биде.

Меѓутоа, другата промена е: доколку ги исполнува сите услови апликантот, а не му се издаде дозволата – да нема никаква одговорност од страна на градоначалникот или оној што ги издава.

Моето прашање е конкретно во однос на овие ситуации:

Сега кога знаеме дека дојде до промена на законската регулатива, според која сите државни инспекторати преминаа под надлежност на соодветните министерства, дали – по овие најави и случувања, не мора само генерално за една општина, има одреден план?

Дали Државниот инспекторат за градежништво, под надлежност на министерот, извршил контроли на нови објекти?

Дали постои план што и како ќе се прави во однос на овие градби?

Дали тие градби имаат можност да се легализираат – дали се вклопуваат во деталните планови? Дали ќе се оди кон отстранување на дивоградбите и како тоа би се реализирало?

Мислам дека е добро да знаеме – и ние, и македонската јавност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања