Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Само два ПП апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата без квака“, инспектор од ДЗС за увидот во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспектор од ДЗС, кој по настанот учествувал во увид со колеги од други градови. Тој изјави дека Општина Кочани повеќе од една деценија немала вработено инспектор за заштита и спасување. Инспекторот опиша сериозни безбедносни пропусти: само два ПП апарати, празен хидрант без опрема, нема систем за дојава, а помошниот излез бил заклучен и без квака. Наведе и отежнат пристап за итните служби, како и дека запаливи материјали (стиропор) придонеле за брзо ширење. Според него, инспекциите можат да забранат користење објект ако има опасност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспектор на ДЗС од подрачното одделение во Виница. По пожарот, тој бил повикан да биде дел од увидната екипа заедно со колеги од Пробиштип, Струмица и Берово. Тој посочи дека до моментот на несреќата, Општина Кочани повеќе од една деценија немала вработено инспектор за заштита и спасување.

Откако Благој Јанев од 2012-2013 е во пензија во Кочани нема инспектор за заштита и спасување… До моментот на настанување на пожарот во подрачното одделение во Кочани, колку што знам нема вработено лице инспектор за заштита и спасување, посочи сведокот.

— реклама —

Сведочејќи за затекнатата состојба во опожарениот објект, инспекторот посочи на сериозни пропусти во основните безбедносни стандарди.

Кога влеговме внатре имаше само два ПП апарати, што е недоволно, празен хидрант, нема вода, нема црево, нема млазници, нема систем за јавување за пожар, и најболната работа, задната врата заклучена од внатрешната страна немаше квака, а плус тоа заклучена со катанец, зборувам за помошниот излез. Ова се примети безразлика што пожарникарите веќе ја имаа скршено за да можат да влегуваат, посочи сведокот.

— реклама —

Според неговиот исказ, и надворешноста на објектот не овозможувала соодветна интервенција на спасувачките служби.

Приметено е дека од женскиот тоалет имаше железни решетки од надвор, додека на излезот од таа задна врата имаше зелена површина која беше како брег и заградена со ограда, каде не може да пристапи брза помош, ниту пожарна – рече инспекторот на ДЗС.

Во однос на природата на пожарот, инспекторот наведе дека градежните материјали во објектот придонеле за негово катастрофално и брзо ширење.

– Она што се виде и од социјалните мрежи, се работи за пожар со отворен пламен којшто брзо се шири поради облогата со стиропор и материјали кои што се лесно запаливи – рече сведокот.

Одговарајќи на прашањето дали ДЗС требало да дозволи овој објект да работи со оглед на констатираните недостатоци, тој истакна дека инспекциските служби имаат овластување да го забранат користењето на објектот, доколку утврдат дека постои опасност по безбедноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања