Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Само што започна собирот во Скопје, МВР воведе забрана за снимање со дронови без објаснување - зошто?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-03-18-at-23.08.48

Сите места каде ќе се маршира, вечерва станаа забранета зона за снимање со дронови. Дури на една минута по стартот на собирот и марш за настраданите во дискотеката во Кочани, а по прашањата од „Скопје1“, стигна и соопштение од Министерството за внатрешни работи со кое информираат дека вовеле забрана. Тоа е направено без никакво објаснување, па така, и на тие кои имаа дозвола, меѓу кои беше и нашата екипа – дозволата им е откажана.

[caption id="attachment_325208" align="alignnone" width="1558"] Screenshot од воведената забрана[/caption]

— реклама —

За воведувањето забрана, системот на Агенцијата за воздухопловство не испраќа известувања до тие кои веќе имаат закажани летови. Па така, ако лицата кои оперираат со дронови, не следат медиуми од минута до минута – тогаш може да добијат и казни, како што се вели во соопштението.

[caption id="attachment_325209" align="alignnone" width="1367"] Screenshot од закажаните летови[/caption]

— реклама —

„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја. Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“, стои во соопштението.

Но во него, МВР не објаснуваат која е причината поради воведување на ваквата забрана. Особено, ако се има во предвид дека снимањето на дрон, ако немаше забрана, можеше да се направи согласно сите законски прописи – да не биде над толпата, да се види во радиусот кој е регистриран, да го прават оператори кои се регистрирани.

„Скопје1“ побара објаснување за тоа зошто МВР донела интервентна одлука за забрана на снимање со дронови на сите локации каде е маршот, како и зошто вакви забрани се носат сега, но не и кога во време на кампањи политичките партии снимаат цели митинзи со дронови. Не добивме објаснување туку само кус одговор: „Врз основа на безбедносна проценка на институциите е донесена одлука да се воведе забрана за летање на дронови“.

Инаку, во центарот на Скопје има марш организиран од организацијата „Кој е следен?“, преку кој се бара правда за загинатите во трагедијата, а се испраќаат пораки до политичарите и сите кои раководат со државниот апарат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 14 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 16 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 16 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања