Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Санчез со остра порака: Нема да им аплаудираме на тие што го запалија светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
pedro-sances

Шпанскиот премиер Педро Санчез упати остра реакција по најавата за примирје во конфликтот со Иран, порачувајќи дека тоа не е причина да се заборави одговорноста за војната.

„Примирјата се секогаш добра вест, особено ако водат кон праведен и траен мир. Но ова моментално олеснување не смее да нè натера да го заборавиме хаосот, разурнувањето и изгубените животи. Владата на Шпанија нема да им аплаудира на оние што го запалија светот само затоа што се појавиле со кофа вода“, напиша Санчез.

— реклама —

Тој нагласи дека во следниот период се неопходни дипломатија, почитување на меѓународното право и стабилен мир.

Санчез, кој е меѓу најгласните критичари на воената акција против Иран, претходно ги оцени нападите како „неоправдани“ и „опасни“, повторувајќи дека позицијата на Шпанија е јасна – „не на војната“.

— реклама —

Неговата влада презеде и конкретни чекори, откако не им дозволи на американските сили да ги користат базите во Рота и Морон за операции поврзани со Иран.

Дополнително, Мадрид го затвори и воздушниот простор за американски авиони вклучени во нападите, потег што предизвика остри реакции од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани со прекин на трговските односи со Шпанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања