Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Саудиска Арабија: Огнот во државната рафинерија изгаснат, нема жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarynmfvoiilsidtecUtjoQ

Министерството за енергетика на Саудиска Арабија соопшти пожарот во рафинеријата Рас Танура е ставен под контрола, откако објектот бил погоден при пресретнување на два дрона во негова непосредна близина.

Рафинеријата Рас Танура, со која управува државната нафтена компанија „Сауди Арамко“, претрпела „мала материјална штета од паднати остатоци“, се наведува во соопштението што го пренесе Саудиската новинска агенција. Според властите, огнот бил „веднаш ставен под контрола“ од страна на итните служби, при што нема повредени ниту жртви.

— реклама —

Видео-снимки потврдени од Би-Би-Си прикажуваат пожар и густ чад што се издига над рафинеријата, која важи за еден од клучните објекти за преработка на нафта во кралството и има стратешко значење за глобалниот пазар на енергенси.

Саудиска Арабија со години е домаќин на американски и западни воени сили, а во саботата владата во Ријад издаде соопштение во кое ги осуди, како што ги нарече, „отворените и кукавички ирански напади“.

— реклама —

Според саудиските власти, нападите биле „успешно пресретнати“ и биле насочени кон регионот Ријад и Источната провинција, каде се наоѓа и дел од клучната нафтена инфраструктура на земјата. Тензиите во регионот дополнително се засилија во услови на поширок воен конфликт што ја потресува Блискиот Исток и ги вклучува Соединетите Американски Држави, Иран и нивните регионални сојузници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 38 минути

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 1 час

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 14 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања