Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ бара одговорност по инцидентот на концертот на Лукас: „Институциите повторно задоцнија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
aca-lukas-2

СДСМ реагираше на прекинот на концертот на Аца Лукас во Кавадарци, оценувајќи дека случајот укажува на повторно потфрлање на институциите задолжени за јавната безбедност. Според партијата, во локал со дозволен капацитет од 200 лица се собрале повеќе од 700 посетители, што, како што наведуваат, претставувало сериозен безбедносен ризик.

Во реакцијата се наведува дека и Министерството за внатрешни работи и Општина Кавадарци биле известени за настанот, но не презеле мерки пред отворањето на концертот. Настанот бил прекинат дури по полноќ, околу 00:10 часот, кога локацијата веќе била преполнета.

— реклама —

Од партијата поставуваат неколку прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, меѓу кои: зошто било дозволено започнување на концертот со бројка на посетители што ја надминува дозволената, зошто МВР не реагирало порано и дали од трагедијата во Кочани се извлечени потребните поуки.

СДСМ оцени дека ситуацијата, како што ја опишуваат, претставувала ризик за стотици граѓани и дека биле создадени услови кои би можеле да доведат до сериозен инцидент.

— реклама —

Од партијата побараа итна истрага и одговорност, како за организаторите, така и за институциите што биле задолжени да обезбедат безбедни услови за спроведување на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 16 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 17 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 17 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања