Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Додека УЈП собира арач - нема пари за плати има само за тендери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ обвинува дека во државниот буџет недостигаат околу една милијарда евра, додека Владата предводена од Христијан Мицкоски нема средства за повисоки плати, зголемување на минималната плата, повисоки пензии и навремен поврат на ДДВ.

Според опозициската партија, Управата за јавни приходи врши силен притисок врз граѓаните и стопанството за да ги пополни буџетските дупки, додека истовремено власта, како што наведуваат од СДСМ, ги троши јавните пари на сомнителни и криминални тендери.

— реклама —

„Владата на Мицкоски и ВМРО нема пари за работниците и пензионерите, но има за милионски тендери. Доделени се 161 тендер на една фирма во износ од 5,3 милиони евра, девет милиони евра на друга фирма со само двајца вработени, како и тендери поврзани со студент на Мицкоски“, обвинуваат од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека загрозена е и ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра, поради, како што велат, криминал и корупција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

— реклама —

СДСМ предупредува дека струјата поскапува, животниот стандард постојано се влошува, а граѓаните живеат сè потешко, додека власта, според нив, се богати преку јавни набавки и тендери.

„Одговорност мора да има. Сите ќе одговарате. Работата не е завршена“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања