Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4082

,,И на Влатко Ѓрочев ВМРО-ДПМНЕ го смести во фотелја, му измислија државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси.

— реклама —

За измислената државна функција на Ѓорчев граѓаните ќе плаќааат над 105.000 денари месечно или над 1 милион денари годишно.

— реклама —

Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции за сместување на поранешни функционери и членови на ДПМНЕ.

— реклама —

Да биде иронијата уште поголема, токму Влатко Ѓорчев, како пратеник во 2020 година беше на чело на собрниската Комисија за труд и социјална политика и ги кочеше законите за зголемување на платите во образованието, законите за зголемување на пензиите, за зголемување на минималната плата.

Ѓорчев не ги закажуваше седниците на комисија, ги кочеше дискусиите, ја прекинуваше седницата, бараше „финансиска оправданост“ на потребата за зголемување на платите.

А денеска истиот тој Влатко Ѓорчев е награден од Мицкоски и ДПМНЕ со плата којашто е 5 пати поголема од минималната и 3 пати поголема од просечната плата. Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

На последната владина седница и Лилјана Затуроска е именувана за национален координатор, заедно со Верче Мицевска а претходно Павле Трајанов, Блерант Рамадани, Солза Грчева....

Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па почнаа да си измислуваат позиции, како што е и предлог Законот за заменик на заменик директор на Царина. Невидено.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на функционерските места, а сега гледаме дека ги зголемуваат. Се што ветија, излажаа и тотално се однародија.”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 5 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 6 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 9 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања