Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ ја претстави дигиталната платформа „МИЦКО“ за пријавување случаи на корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryo1njeu7i56p0ca7UQmS
sdsm

На прес-конференција денеска, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, го промовираше новиот дигитален проект на партискиот Антикорупциски тим – платформата „Македонски истражувачки центар за корупција и организиран криминал“ (МИЦКО), достапна на https://micko.mk/.

— реклама —

Како што беше објаснето, платформата е наменета за истражување, систематизација и архивирање на јавно достапни податоци и материјали поврзани со наводни случаи на корупција во земјата. Според СДСМ, целта е граѓаните, новинарите и експертската јавност да добијат полесен пристап до собрани информации од повеќе извори.

— реклама —

Од партијата наведоа дека тимот врши анализа на тендери, медиумски објави и случаи што се однесуваат на можни судири на интереси, како и други сомнителни активности во институциите на локално и централно ниво. Материјалите се архивираат во дигитален регистар со наведени извори, датуми и детални податоци.

— реклама —
media-libraryeee24fvp0fq3ayyW9dB

На платформата се објавени и дел од досегашните случаи што АКТ ги претставуваше во јавноста, меѓу кои и примерот со фирма со двајца вработени што добила тендери во вредност од 9 милиони евра, потоа компанија со 161 добиен тендер во вкупен износ од 5,3 милиони евра, како и наводите поврзани со преземањето на „Алта банка“.

Платформата, како што беше истакнато, содржи и можност граѓаните директно да пријават сомнежи за корупција или злоупотреби, со опција да приложат документација и да го сторат тоа анонимно.

„Ги повикуваме граѓаните, медиумите и организациите да се вклучат и да придонесат со пријавување“, рече Димитријевиќ, нагласувајќи дека платформата од денес е целосно оперативна.

СДСМ оцени дека борбата против корупцијата е „заеднички интерес“ и најави дека сите преземени постапки ќе бидат јавно достапни преку платформата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања