Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Мачкање очи е намалувањето на цените на училишен прибор, да се намалат цените на храната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sdsm-koalicija

,,Владата наместо да ја намали цената на храната, како што тоа го правеше СДСМ и вистински да ги поддржи граѓаните, тие со цел да замачкаат очи кај граѓаните ги намалија цените на гумите и моливите. Освен што мерката е задоцнета, таа не ги решава на ниеден начин проблемите на граѓаните со високите цени за храната и сите основни производи. Сега граѓаните моливи за децата ќе купуваат дома, а храна во соседна Србија или на друго место каде е поветина, затоа што само за еден месец за над 600 денари е поскапена основната потрошувачка кошничка.

— реклама —

Граѓаните со право реагираат на оваа манипулација. СДСМ бара итно да се донесат мерки за замрзување на цените на основните производи по примерот на претходната Влада кога на тој начин се штитеше стандардот на граѓаните. Граѓаните паметат дека оваа политика беше остро напаѓана од ВМРО-ДПМНЕ кое велеше дека тоа не било доволно, но сега кога се на власт не прават буквално ништо за да ги намалат цените.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ прво ги замрзна платите, а сега не сака да ги заузда цените кои неконтролирано растат. Оваа состојба е неиздржлива и ќе го уништи стандардот, секое семејство ќе има се помалку и помалку за живеење. Додека од една страна Мицкоски се фали инвестиции на СДСМ од друга страна прави се за да го спушти стандардот и економски заслабне граѓанинот.”, велат од СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 5 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 6 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 9 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања