Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Македонија станува црна точка – визијата на ВМРО-ДПМНЕ води кон изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryqfvs7s7opoht2jSNOlr

СДСМ денеска остро реагираше по повод две вести кои, според партијата, ја покажуваат насоката во која се движи државата. Првата е потпишувањето на Меморандумот меѓу Грција, Бугарија и Романија за новиот транспортен коридор Црно Море – Егејско Море, кој предвидува модернизација на железничката, патната и пловната инфраструктура и кој, како што оценуваат од СДСМ, практично ја заобиколува Македонија.

— реклама —

Од партијата предупредуваат дека ова ќе значи значајно намалување на финансиските приливи од транзитниот сообраќај – од патарини, гориво и други услуги – бидејќи државата се исклучува од стратешкиот европски транспортен правец.

— реклама —

Втората вест, според СДСМ, е претставувањето на програмата „Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот во Кавадарци. Двете информации, како што наведуваат социјалдемократите, се поврзуваат во една заедничка порака: „Македонија станува црна точка“.

— реклама —

„Овој знак, речиси исчезнат во Европската унија, се враќа на големи врати во Македонија. Тој симболизира место со висок ризик за граѓаните – кратка делница на патот кон ЕУ, која најчесто е изолирана од европскиот и демократскиот свет, а многу често и од сопствените граѓани, поради криминал, корупција и сиромаштија,“ стои во реакцијата на партијата.

Од СДСМ порачаа иронично дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на „обиколница“ што ја изолира државата, а политичкото раководство го споредија со „будимпештанскиот шоферски тандем Груевски–Мицкоски“, алудирајќи на некогашната југословенска серија „Камионџии“.

„Оваа визија сигурно нема да им одговара на граѓаните на Македонија, но ќе биде добра за мигрантите – ‘сообраќајот’ да не ги вознемирува,“ додава СДСМ во својата реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 2 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 4 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 7 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања