Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Мицкоски одбива рушење дивоградби во Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
divogradbi

СДСМ соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски „уште еднаш го покажале вистинското лице“ – заштита на криминалот со дивоградбите во Чаир и урбаното дивеење.

Партијата наведува дека со изјавата оти нема да го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама и нема да руши дивоградби во Чаир, Мицкоски јавно признал дека нема намера да стави ред во хаосот со бесправната градба во Скопје, туку и понатаму ќе ги штити.

— реклама —

„Ова е истата матрица која ја гледаме со години: Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски и нивните градоначалници се дел од проблемот, а не од решението,“ порачува СДСМ. Наместо да се справат со криминалните дивоградби, тие ги легализирале и охрабрувале, создавајќи уште поголем урбан хаос, уништувајќи паркови и јавни површини и загрозувајќи го квалитетот на живот.

„Глас за Орце и ДПМНЕ е глас за претворање на Скопје во дивоградба,“ предупредува партијата, додавајќи дека граѓаните на Скопје и на Македонија заслужуваат ред, закон и контрола над урбанистичкиот хаос, „а не влада и градоначалници кои ги штитат криминалните структури“.

— реклама —

СДСМ најавува дека ќе продолжи гласно да се спротивставува на урбаното дивеење, криминалот и дивоградбите што го уништуваат Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања