Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Мицкоски продолжува со лагите и манипулациите за Коридор 8

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
21082024-Mickoski-15

„СДСМ ја потсетува јавноста дека Република Северна Македонија и Република Бугарија имаат потпишан Меморандум за разбирање за Коридор 8, исто како што Владата на СДСМ потпиша и договор за брза пруга Ниш – Скопје. Овие документи се клучни за развојот на инфраструктурата и поврзаноста на земјата со соседите и регионот“, вели СДСМ.

— реклама —

„Сѐ што требаше Христијан Мицкоски да направи е да испрати свој претставник, министерот за транспорт, во Бугарија или да го покани бугарскиот министер во Скопје и да ги расчисти сите дилеми околу проектот. Наместо тоа, Мицкоски продолжува да ги менува своите тези и да манипулира со јавноста.

— реклама —

Ќе признае ли Мицкоски дека беше свесен за ова кога пред две недели отпатува во Брисел на средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен? На оваа средба се разговарал за Планот за раст, кој го предвидува заокружувањето на железничкиот Коридор 8, кој ги поврзува Бугарија, Северна Македонија и Албанија.

— реклама —

Планот за раст, целосно подготвен од Владата на СДСМ, Мицкоски го потврди со само три измени, од кои ниту една не се однесува на проектната листа за Коридор 8. Мицкоски го имал овој документ со себе на 19 септември, но продолжува да ја заблудува јавноста.

Дополнително, дали Мицкоски ќе признае дека СДСМ предложи, а тој се согласи, дека најмалку 400 милиони евра од Планот за раст ќе бидат наменети за пругата? Зошто ја манипулира јавноста дека 500 милиони евра ќе потрошела нашата Влада за проектот? Дали владините претсравници во понеделникот во Брисел ја потврдија финансиката конструкција за пругата кон

Бугарија според која државното директно учество е само 18 милиони евра?

Овој капитален проект е од суштинско значење за регионалната поврзаност и економскиот развој на Северна Македонија.

СДСМ останува посветена на реализација на капиталните инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат поврзаноста и економскиот раст на државата“, соопшти СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 9 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 11 час

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 14 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања