Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Нападот врз „Инфомакс“ е по српско сценарио

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1fauttldgpqs3R34WIw

Со жестоко соопштение, СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад нападот врз редакцијата на „Инфомакс“, тврдејќи дека партијата лажно го осудува инцидентот, а истовремено не го демантира членството на напаѓачот во нејзините редови.

— реклама —

Според СДСМ, изјавата на МВР дека станува збор за лице со „здравствени проблеми“ и со претходни престои во Психијатриска болница, претставува само обид да се релативизира одговорноста и да се повтори веќе видено сценарио.

— реклама —

„Еве го српското сценарио на ДПМНЕ, копи-пејст од Србија, кое што почна денеска. Напад на ‘Ќациленд’ по кој српските служби рекоа дека наводно човекот што го извршил нападот бил луд. А во суштина работел за безбедносните служби со години“, се наведува во реакцијата на социјалдемократите.

— реклама —

СДСМ оценува дека лажното осудување од страна на ДПМНЕ е идентично со, како што наведуваат, „нивните лажни тврдења“ во други актуелни дебати – мигрантите, српското сценарио, како и односот кон медиумите.

„Како сами себе да се осудуваат, бидејќи се директни или индиректни нарачатели на нападот врз медиумите“, порача партијата, додавајќи дека ДПМНЕ не понудила ниту еден конкретен доказ дека нема поврзаност со напаѓачот.

СДСМ смета дека нападот врз медиум треба да биде аларм за јавноста и институциите, бидејќи, според нив, претставува сериозен обид за заплашување и контролирање на критичките гласови.

Партијата најави дека ќе инсистира на целосно расчистување на случајот и на утврдување одговорност „без селективност и политички манипулации“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 час

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 6 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања