Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ обвинува: Орбановата 4iG со политичка поддршка на ВМРО влегува на македонскиот пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarye5tprdemmlaic8JV2X4

Мицкоски во Давос ја покажа изолацијата, немаше средба со високи европски и светски лидери. Во видеа кои сам си ги снимаше видовме само средби со неколку негови партнери меѓу кои и со сопственикот на унгарската 4iG, вели опозициската партија СДСМ.

— реклама —

„Ова уште еднаш го потврдува она што СДСМ цело време го говори, за политичката и бизнис спрега Орбан-Мицкоски и како влијае врз Македонија.

— реклама —

4iG е унгарска ИТ и телекомуникациска компанија која прерасна во голем играч во телекомуникацискиот сектор, вклучително и во мобилните оператори. Таа е сопственик на Vodafone Hungary (денес под брендот One Hungary), кој беше купен во 2023 година во партнерство со унгарската држава. 4iG поседува 51%, а државата 49%. Компанијата стана „национален шампион“ во Унгарија, со ширење и во други држави.

— реклама —

4iG е длабоко поврзана со Виктор Орбан и неговата бизнис-империја. Тој лично интервенирал во преговорите за аквизиции, како на пример при купувањето на Invitech во 2021 година, кога во Лондон ги убедил кинеските сопственици да ја продадат компанијата на 4iG, со поддршка на унгарската дипломатија.

Унгарската влада обезбеди масивна поддршка: повеќе од 189 милиони евра тајни државни инвестиции преку фондови како iG COM, олеснувања во регулаторните постапки (на пример изземање од антимонополски контроли) и финансирање преку државни банки за купувањето на Vodafone.

Компанијата е дел од планот на Орбан за изградба на провладин бизнис во стратешки сектори, како што се телекомуникациите, со цел да се намали влијанието на странските компании и да се зголеми контролата врз информативните мрежи.

Оваа поддршка ѝ овозможи на 4iG брз раст – од мала ИТ фирма до конгломерат со интереси во одбраната (партнерство со Rheinmetall и купување државни удели во воената индустрија во 2025 година).

Медиумите во ЕУ ова го гледаат како начин Орбан да пренасочува државни средства кон своите сојузници, во согласност со неговата политика од 2010 година наваму.

Сега е појасно зошто оваа врска потсетува на врските на Мицкоски и неговите ортаци кои добиваат тендери.

Исто така, појасна е и бизнис позадината на „тендер коалицијата““, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања