Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ обвинува за корупциска мрежа и најавува нова дигитална алатка против криминалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ денеска обвини дека е откриена, како што велат, корупциска мрежа преку која милиони евра од јавните средства завршувале кај компании блиски до власта, преку наместени тендери. Според партијата, додека „тече грабеж на народот“, државата доцни со повеќе видови исплати.

— реклама —

„Додека тече грабеж на народот каснат исплатите за породилното, доцни повратот на ДДВ, доцни социјалната помош, се намалува буџетот за болните од ретки болести, нема пари за поголеми плати и пензии“, наведува СДСМ, додавајќи дека граѓаните „едвај врзуваат крај со крај“, а власта се „богатела преку наместени тендери и сомнителни зделки“.

— реклама —

Според изнесените податоци, една фирма добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра, а друга компанија, основана лани и со двајца вработени, добила тендери во вкупна вредност од 9 милиони евра. СДСМ го оцени ова како „организирано испумпување на граѓаните“, на кое, според партијата, мора да му се стави крај.

— реклама —

Од партијата најавуваат и нова дигитална платформа како алатка во борбата против корупцијата и криминалот.

„Граѓаните ќе стават крај на криминалот и корупцијата. Власта ќе ја вратиме назад во рацете на граѓаните“, се наведува во соопштението.

СДСМ додава дека „не е крај кога ќе каже Мицкоски, туку граѓаните кажуваат кога е крај“, упатувајќи порака дека „сите ќе одговараат“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања