Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ обвинува за хаос со студентските ваучери: „Неспособноста на власта ги направи младите колатерална штета“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
lap-top

Опозициската СДСМ со ја критикува Владата за начинот на кој се спроведуваше мерката за ваучери за електронска опрема за студентите од прв циклус, оценувајќи дека станува збор за „целосен дебакл на една неспособна власт“.

— реклама —

Како што наведуваат од партијата, процесот бил изведен со бројни пропусти: на студентите најпрво им биле издадени ваучери, потоа истите биле поништени, а дел од младите добиле и потврди дека апликациите им се одобрени. Некои веќе успеале да подигнат уред, за подоцна да добијат известување дека ваучерот не важи. Во медиумите, посочуваат од СДСМ, се појавиле и информации дека постдипломци добиле ваучери иако не ги исполнуваат условите.

— реклама —

Од СДСМ тврдат дека системите се уриваат веднаш штом ќе се отвори апликацијата, постапката се менува од минута во минута, а критериумите се применуваат хаотично, што создава оправдано сомневање за можни злоупотреби.

— реклама —

„Отворени, па затворени пријавувања, испратени па поништени потврди, доделени ваучери без услови – ова е единствениот резултат на неспособноста на ДПМНЕ“, стои во реакцијата.

Од партијата алармираат дека студентите кои веќе подигнале уред со одобрениот ваучер сега не знаат каква ќе биде нивната правна положба и дали ќе треба да го враќаат уредот.

„Младите не смеат да бидат колатерална штета на неорганизираноста на власта. Македонија заслужува функционална држава, а не систем што се распаѓа на една мерка со една интернет страница“, додава СДСМ, прашувајќи „кој ќе ја преземе одговорноста за хаосот и забуните што ги создаде оваа власт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 11 час

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања