Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Петто убиство откако Тошковски е министер, ниедно не е расчистено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4082

,,Состојбата со убиствата станува алармантна, а безбедноста на граѓаните е во ризик поради постојаните пукања. Македонија станува сцена од каубојски филм каде убиствата и уличните пресметки се секојдневие. Најстрашно е што нема разрешница на ниедно убиство во последните шест месеци откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР.

— реклама —

Во овој период од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со МВР имаше пет убиства и три обиди за убиства и на ниеден случај нема разрешница. Нула проценти е ефикасноста во истрагите.

— реклама —

Оваа неспособност на МВР е загрижувачка и ги охрабрува криминалците. Додека Мицкоски се сили како наводно криминлаците се плашеле од него, државата заличува на предградие на мексикански град каде владеат картелите.

— реклама —

Само пред две недели се случи последното убиство во Тетово за кое од тогаш не слушнавме ништо од МВР, освен празните соопштенија дека задржале некого на разговор.

За потсетување, се уште нема епилог од 1 јули кога имаше пукање во Батинци кон автомобил во кое загина едно лице. Второ, нема никаков епилог и во фамозниот случај во кој во Железара матичниот 67-годишен лекар Ацо Трпковски беше пронајден избоден на паркинг пред поликлиниката.

Нема никаква разрешница ниту за убиството во Горно Блаце од февруари годинава. Нема никакво решение или епилог за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново кон кој беше пукано од возило. Листата е предолга за да се набројат сите случаи.

Тошковски е најенспособнито министер со најслаба реализација во истрагите и за тоа треба да се повлече од функцијата. Неговата неспособност е опасност по безбедноста. ВМРО-ДПМНЕ е партија која против криминалот се бори само во сон, а во пракса е безопасна за криминалците и насилниците.”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 19 минути

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 час

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 4 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања