Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Резолуцијата против нелегалната миграција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
ustaven

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска достави иницијатива до Уставниот суд со која бара оценка на уставноста на Резолуцијата за потврда на политиките против нелегалната миграција, усвоена по предлог на актуелната власт.

Од СДСМ сметаат дека со Резолуцијата се нарушуваат темелните демократски принципи и дека документот отвора сериозни уставни дилеми. Според партијата, актот предвидува ограничувања кои задираат во основните човекови слободи, меѓу кои слободата на изразување, правото на јавно дејствување и слободата на лично уверување.

— реклама —

Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја иницијативата на опозицијата, порача дека Уставниот суд е институцијата која треба да ја даде конечната оценка за законитоста и уставната основаност на Резолуцијата. Воедно, тој ја критикуваше СДСМ поради тоа што не учествувала на собраниската расправа.

„Останува жал што СДСМ не беше присутна на седницата на која сите парламентарни партии можеа заеднички да заземат став против изградба на мигрантски кампови и против прифаќање мигранти или азиланти врз основа на какви било договори“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Резолуцијата беше изгласана во Собранието во текот на оваа недела, а опозициските пратеници не присуствуваа во салата за време на гласањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 15 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања