Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Просечната плата е близу 30.000 денари, минималната 18.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
k15

Економските мерки и политики на СДСМ и Владата што ја предводи даваат резултат, вели СДСМ.

„Со СДСМ, и во кризно време, платите растат многу побрзо и значително, што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард за граѓаните.

— реклама —

СДСМ е на чекор кон исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.

За месец јануари 2022 година, просечната плата изнесува 29.980 денари, односно е за шест отсто повисока од истиот месец лани.

— реклама —

Платите растат и во сите сектори. Минималната плата веќе ја зголемивме на 18.000 денари, што е двојно повеќе во однос на времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 8.800 денари.

Освен покачувањето на платите, обезбедивме и пакет антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните и на компаниите и кои веќе даваат резултат.

Сите овие реални, видливи резултати ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.

Во услови на најголема криза, СДСМ со вистински мерки и политики се грижи за животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 15 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања