Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Ристов во РКЕ е дел од бизнис мрежа на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library8u2v229lbqr5bTPlu2n

Јон Фрчкоски од СДСМ тврди дека изборот на Ацо Ристов за претседател на РКЕ е „нова алка“ во бизнис мрежа поврзана со Христијан Мицкоски и отвора прашања за конфликт на интереси, бидејќи Ристов доаѓа од енергетскиот бизнис и би одлучувал за пазар во кој учествувал. СДСМ посочува и политички и институционални врски (поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, сопруг на членка на Судскиот совет) и тврди дека пред функцијата се префрлале удели во компании со мали хидроцентрали, што го смета за сомнително. Според нив, случајот е дел од поширока мрежа од енергетика до финансии, чија цена ќе ја платат граѓаните.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека изборот на Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) претставува, како што рече, „нова алка“ во бизнис мрежата поврзана со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Фрчкоски тврди дека со поставувањето на Ристов на чело на институцијата која ги носи одлуките за цените на струјата, горивата и другите енергенси, се отвора сериозно прашање за конфликт на интереси.

— реклама —

„Станува збор за лице кое доаѓа од енергетскиот бизнис, сопственик на хидроцентрали, а сега треба да одлучува за пазарот во кој самиот учествувал“, изјави Фрчкоски.

— реклама —

Тој посочи дека Ристов е поранешен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и сопруг на судијка која е член на Судскиот совет, што, според него, дополнително ја проблематизира ситуацијата.

Според СДСМ, сомнително е и тоа што Ристов, како што тврдат, непосредно пред преземањето на функцијата се „ослободувал“ од сопственички удели во компании поврзани со мали хидроцентрали.

„Компанија што остварува значителни приходи одеднаш менува сопственик, и тоа на лице без искуство во секторот. Ова отвора сомнеж за подготвување терен за преземање функција“, рече Фрчкоски.

Тој додаде дека ова, според нив, не е изолиран случај, туку дел од поширока мрежа која, како што тврди СДСМ, се протега од енергетиката до банкарскиот сектор.

„Сите алки се поврзани – од производство и увоз на струја, до продажба и финансии. Прашањето е кој ќе ја плати цената – одговорот е граѓаните“, истакна Фрчкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 4 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 8 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања