Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Секоја вечер има пукање, со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див запад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4328

,,Синоќа ново пукање, уште едно во низата, а повредено е младо момче од 19 години со прострелна рана.

— реклама —

Дополнително, во Струга, исто така во текот на вчерашната вечер околу 1 часот е запалено возилото на Началникот на полицијата.

— реклама —

Ова е второ запалено возило на полицаец за кратко време, после палењето на возилото на инспектор од Виница. Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити.

— реклама —

Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, се пука речиси секој ден, се палат возила на полицајци, има криминални пресметки. Хаос.

Само пред 4 дена имаше исто така пукање во Арачиново. Пред 10 дена се случи убиство кај Мавровка, пред тоа во Чаир, Синѓелиќ, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица...

А сторителите досега не се пронајдени. Од вкупно 8 убиства и обиди за убиства досега едвај едно има расчистено Тошковски. Криминалците бегаат од затворите, Тошковски не може да ги лоцира, на северната граница никој нема контрола се поминува како хотел Промаја.

Улиците станаа небезбедни, граѓаните стравуваат за својата безбедност. Криминалците прават што сакаат.

Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи.

Дали Мицкоски ќе собере храброст и да го повика на одоговрност Тошковски или ќе го брани?”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 5 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 6 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 9 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања