Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ со реакција на предлог-Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и поднесената предлог-Резолуција за мигрантите, обвинувајќи ја владејачката партија дека „не ставила крај на ништо“, туку, како што наведуваат, „отворила врата за мигранти во Македонија“.

Во реакцијата се наведува дека крај на прашањето со мигрантите, според СДСМ, може да се стави единствено со потпишување на нивната Резолуција, „во која експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти“. Од партијата велат дека цела недела ја повикуваат власта да ја поддржи оваа Резолуција, но дека „ДПМНЕ-ЗНАМ не сакаат“ и „бегаат од одговори и од потпишување“.

— реклама —

СДСМ тврди дека причината е „јасна“ и дека, како што наведуваат, „има договор, мигранти за пари“, поради што власта поднесува контра резолуции.

Во реакцијата се упатува порака до власта дека, според СДСМ, „граѓаните заедно со партијата ќе стават крај на предавничките и криминални политики“ на ДПМНЕ-ЗНАМ. Притоа истакнуваат дека нема да дозволат носење мигранти, продолжување на криминал и корупција или меѓународна изолација.

— реклама —

Реакцијата завршува со порака дека „борбата за Македонија почнува и нема да застане“ и дека „сите ќе одговараат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 15 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања