Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Стратегија за следните 20 години постои, во неа учествуваше и ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4328

„Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 е успешно подготвена и одамна е поднесена до Собранието. ВМРО-ДПМНЕ беше дел од тој процес а нивните пратеници учествуваа во изработка на стратегијата. Овој документ е резултат на широко и инклузивно учество, кое вклучува над 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50 пратеници од власта и опозицијата, како и деловни и граѓански организации. Дополнително, над 1.500 млади и претставници на ранливи групи активно допринесоа за креирањето на стратегијата“. соопшти СДСМ.

— реклама —

„Оваа стратегија е уникатен пример на наднационална соработка, којa ги обединува граѓаните околу заедничка визија и реални цели за развој. Собранието е местото каде што се води дијалогот и се оформуваат политиките на државата, и СДСМ останува посветена на неговото значење како клучен демократски форум.

— реклама —

Најавите на Христијан Мицкоски за „обединување“ околу „нова стратегија“ се несериозни и празни политички пораки, кои ја игнорираат реалната потреба за конструктивност и конкретни решенија. Стрсатегијата тој ја има на маса, треба да покаже дела а не само празни зборови.

— реклама —

Наместо навистина да се обединиме околу заедничките стратешки приоритети, сведоци сме на популистички изјави, кои не ги одразуваат потребите на граѓаните. Четири месеци наназад, Мицкоски не понуди ниту една мерлива цел или конкретен план во важните области, што ги остави граѓаните со празна реторика и без насока за иднината.

СДСМ во континуитет бара сериозен и одговорен пристап во политиката.

Граѓаните заслужуваат проекти кои ќе го подобрат животниот стандард, ќе ја зголемат безбедноста и ќе ја обезбедат иднината во рамки на ЕУ и НАТО. СДСМ апелира до ВМРО-ДПМНЕ да прифати дека обединувањето околу заеднички цели бара реална визија и лидерство, не само политички флоскули. Додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со повици без содржина, државата и граѓаните остануваат без конкретна поддршка за напредок. СДСМ ќе продолжи да се залага за долгорочни решенија кои ќе овозможат стабилност и просперитет за сите“, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 10 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 15 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања