Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-09-13-at-23.28.53

СДСМ денеска обвини дека последниот случај на фемицид во Велес е доказ за, како што велат, целосната неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното – човечкиот живот.

„За сите пропусти на институциите мора да има политичка и кривична одговорност,“ порачаа од партијата, додавајќи дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски треба веднаш да поднесе оставка. Според нив, тој се покажал како неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата.

— реклама —

Од СДСМ оценија дека наместо институција која треба да штити животи, Тошковски го претворил МВР во „партиски сервис за интересите на власта и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ“. Тие потсетија на измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи, кои според нив ги истиснале професионалците и ја урнисале полицијата, претворајќи ја во партиски инструмент.

„Скандалозните измени претставуваат директен удар врз функционирањето на безбедносниот систем, а последиците граѓаните ги чувствуваат секој ден,“ велат од партијата.

— реклама —

СДСМ додаде дека додека МВР се води како партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе продолжат да живеат во страв. „После сите случаи на фемициди, еколошки катастрофи, пожари, убиства, запалени возила и престрелки додека Тошковски е на чело на МВР, неговата оставка е прв чекор кон враќање на безбедноста и спокојот на граѓаните,“ се наведува во соопштението.

„Време е полицијата да се врати во служба на народот, а не на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ,“ порачаа од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Уште една партизација на МТВ – Мицкоски си го постави пријателот за директор

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

СДСМ: Митева и ВМРО-ОКГ повторно покажуваат дека не разбираат основна работа

Македонија | пред 7 часа

media-libraryv5p0k4ull5i5266Yjos

Кузмановска: Европската Унија е единствениот реален пат за подобра иднина на младите

Македонија | пред 7 часа

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања