Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лажат со бројки – би имале 52 пратеници, ние најмалку 21

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryv569csl0tk2g6be9MOb

СДСМ со реакција на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата би освоила над 60 пратенички места доколку утре се одржат парламентарни избори. Социјалдемократите велат дека анализата на реалните бројки покажува сосема поинаква слика и дека опозициската партија се обидува да ги манипулира граѓаните поради страв од очигледниот пад на поддршката.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие падот, а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Прецизната математичка анализа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници, а СДСМ најмалку 21. Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот што го доживеаја по загубата на над 140.000 гласа“, велат од СДСМ.

— реклама —

Оттаму додаваат дека падот на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека нивните, како што велат, „празни ветувања и лаги се веќе прочитани“, и дека граѓаните препознале дека политиките на СДСМ се насочени кон стабилност и реални решенија.

— реклама —

„СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини. Ги повикуваме граѓаните масовно да излезат и да ги поддржат нашите кандидати во вториот круг – чесни и докажани луѓе кои уште во првиот круг покажаа дека имаат визија и капацитет“, порачуваат од партијата.

Социјалдемократите заклучуваат дека „веселата математика“ на ВМРО-ДПМНЕ е само обид да се прикрие падот на поддршката и дека вистинските бројки ќе се потврдат на терен – од граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 6 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 10 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања