Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

СДСМ смета дека одлуките поврзани со евентуален прием на мигранти во Македонија мора да се носат исклучиво во Собранието, а не на ниво на општини.

— реклама —

Од партијата реагираат дека премиерот Христијан Мицкоски со денови одбегнува јасен одговор дали ќе ја потпише Резолуцијата со која граѓаните би добиле гаранција дека во Македонија нема да се примаат мигранти за финансиски надомест.

— реклама —

„Наместо јасен одговор, секојдневно гледаме изговори. Сега Мицкоски најавува некакви локални иницијативи преку советници од ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини. Зошто премиерот не го споменува Собранието, туку зборува за општини?“, прашуваат од СДСМ.

— реклама —

Според опозицијата, Собранието е највисокиот орган на државата, составен од пратеници кои се директно избрани од граѓаните, поради што токму таму треба да се носат вакви клучни одлуки.

„Резолуцијата е народен договор, затоа што пратениците имаат мандат од граѓаните. Собранието е над општините и единствено тоа може да донесе одлука што ќе важи на целата територија на Македонија и ќе спречи прием на мигранти“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата иронично додаваат дека „добро е што премиерот не најави иницијативи во месни заедници“, потенцирајќи дека ваквите прашања не смеат да се релативизираат.

СДСМ уште еднаш го повикува премиерот Христијан Мицкоски јавно и недвосмислено да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата.

„Одговорот е едноставен – ДА или НЕ. Не мора да му одговори на СДСМ, нека им одговори директно на граѓаните“, порачуваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 час

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 6 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања