Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се бара оставка од Тошковски, по пукањето во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
toskovski

„Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните“, велат од СДСМ и додаваат:

— реклама —

Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски.
СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста.
Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни.

— реклама —

Денеска во Куманово според информациите од медиумите можело дете да загине додека се враќа од училиште. Со блиндирани возила ли треба граѓаните да ги носат децата во школо?

— реклама —

СДСМ предупредува дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и ДПМНЕ.

Партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ, харањето по партиски штабов и злоупотребата на БЈБ се на директна штета на безбедноста на граѓаните. Тоа ги охрабрува криминалните структури.

Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конено да си поднесе оставка?

Оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти мора да има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 8 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 10 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 13 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања