Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Zivko_Cingo_14082023004

Синоќа во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од нашите најпознати литературни великани. Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.

— реклама —

– Големите писатели не вовлекуваат во својот бесконечен свет на мисли, каде што времето стои, а емотивните доживувања се воскреснуваат од секој ред. Страниците стануваат магични прозорци кон нови хоризонти, а зборовите највкусна храна за душата. Големите писатели носат убавини, ги оживуваат чувствата што тлеат длабоко во нас. Големите писатели создаваат историја и остануваат да живеат во вечноста. Овие метафорички описи се најреалната лика и одлика на еден од нашите најзначајни литературни дејци, нашиот голем и единствен Живко Чинго.

— реклама —

Почитувани, навистина се чувствувам гордо и возбудено, што како Македонист, како Охриѓанец и пред се како Македонец ја имам оваа привилегија да зборувам за ваков маркантен лик, кој по својата оргиналност е икона на македонската култура и книжевност.

— реклама —

Неговите дела носат незаборавна емоционална интензивност стимулирајќи не на размислање за луѓето, идентитетот и општествените вредности. Тој не учи како да гледаме на светот околу нас од различни аспекти и да го цениме нашета богато наследство. Творештвото на Чинго е феноменално свидетелство на човековата креативност и има големо влијаниe на нашите вистини и верувања.

Ние, како генерација треба да продолжиме да се восхитуваме на неговата книжевна моќ, да го чуваме неговиот спомен и соодветно да го вреднуваме. Токму во таа насока е и организацијата на оваа традиционална манифестација, со која му оддаваме достојна почит на неговото име, кое остава неизбришлива трага на нашето национално битие.

Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков, упатувам искрени честитки до Иван Антоновски кој е овогодинешен добитник на наградата „Живко Чинго“, а воедно упатувам и огромна благодарност до сите автори кои зедоа учество на литературниот конкурс на Општина Охрид.

Верувам дека оваа традиционална манифестација ќе продолжи да се одржува и во иднина и дека ќе продолжиме да го негуваме и почитуваме делото на Живко Чинго оставајќи го како аманет на идните поколенија. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Божиновски во своето обраќање.

Говор пред присутните имаше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Иван Антоноски, а своја осврт за „Чинго во песните“ имаше Валентина Божиновска.

Во рамки на културно- уметничката програма, настапија Петар Паскали, Петар Кочовски, Филип Темелкоски, Христијан Чавкоски, Ангел Трајковски, Вања Танковски,Билјана Буџакоска и Танцов клуб „Соната“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања