Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се огласи директорот на Институтот за итна медицина по масакрот во Домот за стари лица во Дарувар: На местото на масакрот се пронајдени четири мртви и четворица ранети.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Hrvatska-policija

Директорот на Институтот за итна медицина, Ненад Мрзлечки, изјави дека на местото на злосторството во Домот за стари лица во Дарувар се пронајдени четири мртви и четири повредени лица, кои веднаш се префрлени во болница.

— реклама —

„Три лица итно се пренесени во болницата во Пакрац, а едно лице во Вировитица. Во вакви ситуации секогаш така постапуваме за да не се оптоварува само една здравствена установа“, објасни Мрзлечки и додаде дека наводно има и полесни повреди.

— реклама —

Тој во изјава за локалниот „МојПортал“ вели дека сите информации од терен треба да се земат со резерва.

— реклама —

Нашите екипи се уште се на терен и приоритет е да им се пружи потребната помош, а дури откако ќе се направи ќе ги знаеме точните податоци за бројот на жртвите“, вели Мрзлечки.

По повод денешниот масакр во Домот за стари лица, кога според првите неофицијални информации пет лица загинаа, а најмалку пет беа ранети од огнено оружје, од Градската управа на Дарувар соопштија дека се шокирани, дека истрагата е во тек и дека им изразуваат сочувство на жртвите.

„Шокирани сме и во неверување во врска со овој трагичен настан во домот за стари лица во Дарувар. Изразуваме искрено сочувство до семејствата на починатите. Шокирани сме од овој немил настан. Напаѓачот е фатен. Истрагата е во тек“, беше објавено на официјалната Фејсбук страница на Дарувар.

Сè уште неофицијално, убиецот во Домот за стари лица е пензиониран воен полицаец од Доњи Дарувар, чија мајка била корисничка на домот. Според непотврдени информации на ТВ Дневник Хрватска Нова загинале четворица жители и еден работник на Домот.

Засега полицијата потврди дека нешто по 10 часот добила дојава за масакрот и дека под полициски надзор е уапсено лице поврзано со ова дело. Според се уште непотврдени информации, убиецот ја убил мајката, жители на Домот и вработени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library64j0l9i1hgqn8WTU0Q2

Поранешна хрватска премиерка за Вучиќ: Нема тој што да бара во Хрватска

Свет | пред 2 часа

sneg-2

Снег го затрупа автопатот во Горски котар во Хрватска, испратено предупредување до граѓаните

Свет | пред 4 дена

media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука приведен на границата со Хрватска

Свет | пред 6 дена

873x400-1-16

Хрватска има нафта само за три месеци

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања