Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се огласија од ДУИ, го бранат Груби и обвинуваат за „хистерија“ - бараат да се почитува невиноста додека не се докаже спротивното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarybc6ifbqc6jbu205RmBc

ДУИ изразува негодување што повеќе партии го политизирале случајот со Артан Груби, создавајќи „хистерија и линч“ и однапред пресуда, со што, според нив, се нарушува пресумпцијата на невиност и се врши притисок врз судството, особено кога тоа доаѓа и од партии во власта. ДУИ вели дека секој функционер под сомневање треба да се соочи со институциите и ја оценува позитивно одлуката на Груби да се пријави, но бара фер, непристрасна и транспарентна постапка. Ги повикува судот и обвинителството да постапуваат само по закон и докази и најавува дека ќе ја следи постапката и ќе реагира на селективност или политичка инструментализација.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Демократската унија за интеграција изразува крајно негодување од однесувањето на бројни политички партии, кои преку своите јавни настапи извршија длабока политизација на случајот со Артан Груби. Без разлика на политичките разлики, неприфатливо е правните процеси да се водат надвор од институционалната и правната рамка што е уставно загарантирано, велат од ДУИ.

„Изминативе два дена сведочиме на тоа како политичките партии, нивни високи претставници и активисти, преку соопштенија и други јавни настапи, создаваат атмосфера на хистерија и линч преку однапред дефинирана пресуда. Тие целосно ја преземаат улогата на обвинители и
судии, расфрлајќи се со мерки за претпазливост, јавно повикуваа на линч на претставниците на обвинителството и судот, без никакво  елементарно почитување на принципот на пресумпција на невиност. Ова особено што тоа го прават и партии кои се дел од Власта, што упатува на директно мешање од страна на извршната врз судската власт.

Веќе го реафирмираме нашиот став, дека секој поранешен или актуелен функционер, за кого постои сомневање при извршувањето на функцијата, треба да се соочи со институциите и постапките пред домашните органи. Токму затоа ја сметаме позитивна одлуката на Артан Груби да се пријави на правосудните органи, и преку институционалните форми да ги соочи
аргументите на својата одбрана. Но тоа преставува логичен став само доколку во исто време државата гарантира фер, непристрасна и транспарентна процедура, ослободена од партиски влијанија и политички притисоци.

Упатуваме јасен повик до судот, обвинителството и сите надлежни органи да не потпаѓаат под политички притисоци и да постапуваат исклучиво врз основа на закон и докази. Независноста на правосудниот систем е темел на владеењето на правото и уставна обврска, а не предмет на толкување од стана на јавноста, уште помалку од политичките партии. Оттука сакаме да
повториме дека очекуваме процесот да се одвива со целосно почитување на пресумпцијата на невиност, процесните права и достоинството на секое лице вклучено во постапката.

Демократската унија за интеграција ќе продолжи внимателно да ја следи целата постапка во сите нејзини фази и ќе реагира на секој обид за селективност, двојни стандарди или политичка инструментализација на правдата“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања