Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се претставил дека работи во Кувајт и измамил скопјанец за 5.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
pari

Осумдесет и петгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен и останал без 5.000 евра, откако бил доведен во заблуда од две лица кои му оставиле лажни дијамантски алки како наводна гаранција.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 30 декември 2025 година околу 16 часот во СВР Скопје, оштетениот пријавил дека измамата се случила неколку часа претходно, околу 11 часот, на подрачјето на општина Центар. Според неговото сведоштво, бил пресретнат од две непознати лица, при што едниот од нив се претставил како лице од Хрватска кое работи во Кувајт.

— реклама —

Тие му побарале да им покаже евра за да ги споредат со парите кои наводно ги поседувале. Оштетениот, верувајќи во нивната приказна, заминал во својот дом, ги земал парите и им ги предал. За возврат, како „гаранција“, му оставиле три алки за кои тврделе дека се дијамантски, со објаснување дека ќе се вратат и ќе му ги вратат парите.

— реклама —

Откако лицата не се појавиле повторно, скопјанецот сфатил дека бил измамен и дека алките се без реална вредност, по што случајот го пријавил во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 9 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 10 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 10 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања