Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие, три лица приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Вкупно седум случаи на семејно насилство се пријавени во изминатото деноноќие, при што три лица се лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во гостиварско село, на 22 март во 00:30 часот, полицијата го привела 43-годишниот Б.С., откако неговата сопруга пријавила дека физички ја нападнал во семејниот дом. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

— реклама —

Во Неготино, на 21 март во 16:20 часот, приведен е 73-годишен маж кој физички ја нападнал својата 72-годишна сопруга со тврд предмет, а ѝ се заканувал и на нивната 26-годишна ќерка. При интервенцијата било утврдено дека бил под дејство на алкохол, со измерени 1,20 промили во крвта.

— реклама —

Во Скопје, истиот ден во 13:05 часот, полицијата го лишила од слобода 37-годишниот И.К., по пријава од неговата 19-годишна партнерка дека ја нападнал и ѝ упатувал закани по животот.

Дополнително, во Гевгелија, 31-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот сопруг во семејниот дом. Сличен случај е пријавен и во Струмица, каде 37-годишна жена пријавила напад од сопругот.

Во Скопје се пријавени уште два случаи – 43-годишна жена пријавила дека била нападната од сопругот во домот, додека 48-годишна жена пријавила дека претходно била нападната од својот сопруг, кој ја оттурнал по скалите во куќата, при што ѝ била укажана медицинска помош.

Од МВР информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за нивно целосно расчистување и дека по документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 54 минути

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 4 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 6 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања