Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Шефот на ФСБ: Зад терористичкиот напад во Москва стојат САД, Украина и Велика Британија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-03-23-at-08.39.25

Директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников денеска изјави дека зад терористичкиот напад во Москва стојат САД, Велика Британија и Украина.

— реклама —

Тој наведе дека Киев организирал подготовка за терористите на Блискиот Исток, додека самиот напад го подготвиле „радикални исламисти“ кои, како што рече, планирале да добијат херојски пречек во Украина.

— реклама —

Тој додаде дека началникот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов, е легитимна цел на вооружените сили на Русија, како и на сите оние кои, како што наведе, вршат злосторства против Руската Федерација. РИА.

— реклама —

„Секој што ќе изврши злосторство против Русија и руските граѓани е легитимна цел, а Службата за безбедност на Украина треба да биде прогласена за терористичка организација“, рече Бортников.

На новинарско прашање зошто Буданов е се уште жив, шефот на ФСБ одговори: „Има време“. Најмалку 137 лица загинаа, а повеќе од 180 беа повредени во нападот на 22 март во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 14 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 15 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 18 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања