Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Семејна трагедија и потера во Хрватска: Маж пукал во две жени, полицијата трага по сторителот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Hrvatska-policija

Една жена загина, а друга се бори за живот по пукањето што синоќа се случи во ромската населба Ситнице во Мурско Средишќе, Хрватска. Нападот, според полицијата, бил извршен со огнено оружје, а напаѓачот сè уште е во бегство.

— реклама —

Портпаролот на Полицијата на Меѓимурската жупанија, Радован Гачал, изјави дека инцидентот се случил околу 21 часот. Обете жртви со тешки повреди биле пренесени во Жупаниската болница во Чаковец, каде што една од нив подоцна им подлегнала на повредите. Втората жена се наоѓа во критична состојба и лекарите се борат за нејзиниот живот.

— реклама —

Според првичните, неофицијални информации од жителите, осомничениот прво пукал кон својата вонбрачна сопруга во семејната куќа, а потоа и кон нејзината сестра на улица.

— реклама —

Полицијата соопшти дека интензивно трага по сторителот и дека сите расположливи ресурси се ангажирани во потрагата. Засега не е извршено приведување, а истрагата продолжува.

Семејството, пријателите и познаниците на трагично загинатата жена се простуваат од неа преку социјалните мрежи, додека јавноста со загриженост ја следи состојбата на втората жртва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library64j0l9i1hgqn8WTU0Q2

Поранешна хрватска премиерка за Вучиќ: Нема тој што да бара во Хрватска

Свет | пред 5 часа

sneg-2

Снег го затрупа автопатот во Горски котар во Хрватска, испратено предупредување до граѓаните

Свет | пред 4 дена

media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука приведен на границата со Хрватска

Свет | пред 6 дена

873x400-1-16

Хрватска има нафта само за три месеци

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања