Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Серија инциденти во Скопје: Тепачки во парк, семејно насилство и физички напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI
Скопје1.мк

Полицијата во Скопје во текот на изминатите два дена регистрирала неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир и пријавено семејно насилство.

— реклама —

Според информациите на МВР, вчера околу 12:40 часот во парк на подрачјето на Центар, дошло до физичка пресметка помеѓу двајца мажи од Тетово, на возраст од 47 и 36 години. Случајот е документиран, а по целосно расчистување ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

Во Кисела Вода, во 09:18 часот, 50-годишен скопјанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот брат, исто така малолетен. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

— реклама —

Неколку часа подоцна, во општина Аеродром, 51-годишниот С.Ј. пријавил дека бил физички нападнат од две лица, по претходна расправија. И овој инцидент е под полициска истрага.

Ден претходно, во вторник наутро, 68-годишен маж од Кисела Вода пријавил дека бил нападнат од својот 35-годишен син, кој во нападот оштетил и дел од покуќнината.

Полицијата информира дека сите случаи се под истрага и по нивното целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 31 минута

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 16 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 17 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања