Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Серија полициски интервенции во Скопје: дрога, тепачки и пријавени повреди на работно место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
policija-policaec

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на 23 декември презеле повеќе интервенции и активности на различни подрачја во главниот град, при што биле приведени две лица поради недозволена трговија со дрога и биле евидентирани повеќе нарушувања на јавниот ред и мир.

— реклама —

Во 19:55 часот, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д. (37) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

— реклама —

Истата вечер, во 21:15 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода и Н.М. (35) од Скопје. При претрес во домот каде што престојувал, исто така со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Во 20:20 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Гази Баба, каде што дошло до физичка пресметка меѓу Ф.И. (38) и М.С. (38) од една страна и М.Н. (49) и Б.Н. (44) од друга страна, сите од Скопје. При пресметката биле употребени и тврди предмети, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во утринските часови, во 09:00 часот, Б.С. (52) од Скопје пријавил дека на 5 декември околу 05:47 часот се здобил со повреди додека извршувал работни задачи како обезбедување во стоматолошка клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот е известен надлежен трудов инспектор.

Дополнително, во 15:12 часот, Б.Ш. (27) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Полицијата презема мерки за расчистување и на овој случај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 10 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 11 час

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 11 час

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања